Данската премиерка Мете Фредериксен е сериозен кандидат за преземање на кормилото на НАТО по поканата за посета на Белата куќа.
Вашингтон објави дека претседателот Џо Бајден ќе ја прими Фредериксен следниот месец, што ги поттикна шпекулациите во седиштето на НАТО за тоа дали САД ќе го поддржат данскиот лидер за нов шеф на НАТО, функција традиционално резервирана за Европеец, но со благослов од Вашингтон.
Актуелниот генерален секретар, Јенс Столтенберг, треба да ја напушти функцијата на крајот на септември по повеќекратно продолжување – иако е можно тој да остане на функцијата уште неколку месеци доколку лидерите на алијансата не се договорат за замена.
„Мислам дека таа е сериозен кандидат“, рече еден западноевропски дипломат, кој побара анонимност за да разговара за внатрешната динамика на сојузот.
Висок дипломат од Централна Европа исто така го повтори овој став.
„Таа навистина се смета за сериозен кандидат“, рече дипломатот, додавајќи дека данската премиерка „се покажа како сериозен партнер во текот на војната во Украина“.
Извор Нова ТВ