Професорката Катерина Колозова ја коментира фејсбук објавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, после неговата посета на Струмица, каде тој ги повикува струмичани да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
„Човек, цела Америка дојде да ти каже – “наш безбедносен интерес е продолжување на преговорите, и со тоа, изгласување уставни промени.” Да си преземеш одговорност – ти пак на браникот. Ако мислиш дека Русија ќе се тепа со Америка за тебе, си се зезнал. Угоре високо, удолу длабоко. Како и да е, со тебе ДПМНЕ нема шанси да победи. Шеташ со аурата на лузер – пошто нејќеше моркови, кај и да е, ќе има стапови“, пишува професорката Колозова во објава на Фејсбук.