ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Хероите на чесноста” посетија уште две скопски училишта

May 26, 2023 09:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Учениците од основните училишта „Браќа Рамиз – Хамид” во Шуто Оризари и „Војдан Чернодрински” во Тафталиџе се вклучија во едукативната кампањата против корупцијата „Бидете херои на чесноста”.

„Како наставници имаме обврска не само да образуваме, туку и да воспитуваме. Токму затоа сме среќни што и нашето училиште е дел од кампањата која на учениците треба да им ги приближи и објасни темите за корупција и интегритет” истакна директорот на училиштето „Браќа Рамиз – Хамид”, Алвин Салимовски.

Од друга страна пак, директорката на „Војдан Чернодрински”, Верица Неткова Пројчева по истиот повод порача:

„Почитувањето на основните општествени вредности како чесност, интегритет и етичност треба да се учи од најмала возраст. Затоа потребна е континуирана едукација на вакви теми во образовниот систем. Само така ќе изградиме совесни ученици”.

Оваа кампања е по иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата како дел од Активноста за антикорупција и интегритет, што пак ја спроведува Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје, а е финансирана од УСАИД.

„Децата не мора да знаат дефиниција за корупција, туку да ја разберат суштината на проблемот. Потребна ни е чиста критична маса, верувам во промени, само така ќе изградиме општество во кое секој сака да живее, затоа што на крајот од денот сите сме херои на чесноста. Само треба да бидеме силни и да се поддржуваме едни со други. Родителите се тие кои треба да им покажат на децата дека не треба да бараат „врски” и скратени патишта”, истакна Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Целта на кампањата е да се подигне свеста кај ученците и ученичките за штетните ефекти од корупцијата. Од тимот порачуваат дека е потребно да се создаде антикорупциско движење во земјава кое би придонело за општество со нулта толеранција за корупција.

„Корупцијата во секоја земја влијае пред сé врз секојдневното функционирање на граѓаните, а тоа се одразува во образовниот систем, државната администрација, економијата, со тоа што влева целосна недоверба во системот. Образовните програми и ваквиот тип на кампањи се алатки кои ќе ни овозможат сегашните и идните генерации побрзо да ја намалат корупцијата”, порачаа од Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје.

До денеска караванот посети 5 училишта, остануваат уште 8 ширум земјава. Настаните се интерактивни, започнуваат преку разговор на учениците со познатите актери Игор Ангелов и Фисник Зекири, во својство на водители на едукативното предавање, а според сценарио на режисерката и сценаристката Елеонора Венинова

Tags: „Хероите на чесноста"корупција
Next Post

Четири жртви во пукање во Јапонија, осомничениот уапсен по 12 часа потрага

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk