Според актуелниот распоред Будимпешта би требало да го преземе претседавањето со ЕУ во втората половина на 2024-та година. Меѓутоа, Европскиот парламент, како што јавува НоваТВ, наскоро ќе излезе со предлог за дискфалификација на Унгарија од ротирачкото претседавање со Европскиот Совет.
Меѓу причините за една ваква рестриктивна одлука на ЕС, се наведува и кршењето на принципите на владеењето на правото и на востановените демократски стандарди на Европската Унија. Според нацрт-резолуцијата чие гласање е закажано за 1-ви јуни, Европскиот парламент ја доведува во прашање способноста на Будимпешта да претседава со ЕУ во контескт на актуелните политики на унгарскиот претседател Орбан кои често по многу прашања се контрадикторни во однос на политиките на ЕУ.
Б.Т.