ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Тротинет манијата го „освои“ Скопје – Ќе ја има ли судбината на Париз?

May 27, 2023 11:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со порастот на популарноста на тротинетите како еколошки пријателски алатки за транспорт, се забележува и зголемен интерес и употреба на истите. На жалост, се појавуваат случаи на вандалски активности и уништување на овие возила од страна на некои несовесни граѓани.

Граѓаните можат да најдат над 500 електрични тротинети на 19 различни локации во Скопје, а и туристите ќе можат да го користат истото. Оваа новина  во главниот град доаѓа како соработка помеѓу компанијата „БинБин“ и Град Скопје.

Видео снимки и фотографии ги обиколуваат социјалните мрежи и медиумите, прикажувајќи граѓани кои ги фрлат тротинетите во реки, ги разбиваат и оштетуваат намерно или пак ги оставаат на непристојни места.

Нема многу разлика меѓу парижаните и скопјаните

Не одамна парижаните гласаа за ослободување на улиците на француската престолнина од изнајмување на електрични тротинети, со убедливи 90% од гласовите кои ја поддржуваат забраната. Париз беше пионер кога ги воведе е-скутерите или тротинетите во 2018 година, бидејќи градските власти се обидоа да промовираат незагадувачки форми на градски транспорт. Но, како што растеше популарноста на возилата на две тркала, особено кај младите, растеше и бројот на несреќи: во 2022 година, три лица загинаа, а 459 беа повредени во несреќи со електронски скутери во Париз. На она што беше наведено како „јавна консултација“ гласачите беа прашани: „За или против скутери за самопослужување?

Социјалистичката градоначалничка на Париз, Ан Идалго, промовираше возење велосипед и споделување велосипеди, но ја поддржа забраната за е-скутери. Во интервју за агенцијата Франс прес минатата недела, Идалго рече дека „скутерите за самопослужување се извор на тензија и грижа“ за Парижаните и дека забраната ќе ја „намали непријатноста“ на јавните простори.

Париз има речиси 15.000 е-скутери низ улиците, управувани од компании како Lime, Dott и Tier. Клеветниците тврдат дека корисниците на е-скутери не ги почитуваат правилата на патот и редовно ја прекршуваат забраната за возење по тротоари. Возилата, исто така, често се случајно паркирани или фрлени во реката Сена. Во јуни 2021 година, 31-годишна Италијанка беше убиена откако беше погодена од е-скутер со двајца патници додека се движеше покрај Сена. „Скутерите станаа мојот најголем непријател. Се плашам од нив“, изјави за AFP Сузон Ламберт, 50-годишна учителка од Париз. „Париз стана еден вид анархија. Нема повеќе простор за пешаци“.

Тротинети оставени на велосипедска патека –  Дали треба да реагира Градот

Група поддржувачи на велосипедскиот сообраќај во Скопје под името „НаТочак“ изразија револт и негодување од постапките на граѓаните кои ги оставаат електричните велосипеди на средина на тротоарите и велосипедските патеки.

Од неформалното здруженија упатија критика до надлежните институции, посочувајќи дека „оваа дозвола за прекршување на општите сообраќајни правила кои важат за сите, директно ја намалува безбедноста“.

Услугата се стартува преку мобилна апликација и според упатството за користење, тротинетот може да се земе и остави било каде, велат од ова група.

„Борбата за Скопје функционален Велоград, со слободни и безбедни велосипедски површини треба да е постојана. Со ова ставање на располагање на една приватна компанија, на сите јавни површини, без никаков ред, е во судир со зголемена безбедност во сообраќајот„

„На Точак“ велат дека тротинетот оставен на велосипедска патека говори се. Тротинет оставен на средина на велосипедска патека, каде се одвива велосипедски сообраќај.

„Оваа дозвола од страна на надлежните институции, за прекршување на општите сообраќајни правила кои важат за сите, директно ја намалува безбедноста. Замислете ако некој утре добие идеја тротинетот да го остави на средина на коловозна лента на некој булевар“.

Законски правила при возење на електричен тротинет

Според павилата возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци. Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, истите се должни да се движат еден позади друг. А истиот , не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h. Глоба во износ од 120 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој ќе се движи со брзина поголема од 25 km/h. Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст.  Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото.

Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото.  Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото. Глоба во износ од 50 евра во денарска согласно со ќе му се издаде на возачот кој нема да носи рефлектирачки елек. Глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот, односно старателот на дете кое нема да носи рефлектирачки елек.

Од сето наведено произлегува дека треба да се почитуваат правилата, да се има граѓанска свест и култура. Можеби треба да се промовират одредени кампањи кои што ќе помогнат на ова насока.  Користењето на овие превозни средства,  несомнено го олеснува градскиот метеж, особено сега во летната и туристичката сезона. Градските власти треба да бидат повнимателни и да преземат мерки кои придонесуваат во свесноста на скопјани.

Извор: Градска

Tags: паризСкопјеТротинети
Next Post

Твитер го напушти доброволниот кодекс на ЕУ за борба против дезинформациите

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk