ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ Штип: Дали повторно вмровските челници во Штип прават обид да бркнат со рацете во медот?

May 29, 2023 14:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„По кој пат штипјани ќе плаќаат за бизнис зделките и апсурдни проекти на ВМРО-ДПМНЕ и вд. директорката на штипската гимназија? Речиси 2 милиони денари, пари на граѓаните, залудно се потрошени за изградба на, замислете, фонтана на местото на веќе постоечка фонтана“, во објава на Фејсбук во декември минатата година реагираа од СДСМ Штип.

Оттаму прашаа како вд. директорката пренаменила пари наменети за реконструкција на кровот на гимназијата, за изградба на фонтана која не е во дворот ниту во катастарската парцела на самата гимназија.

„Ја прашуваме вд. директорката на гимназијата и училишниот одбор , како тоа врши пренамена на средства предвидени за реконструкција на кровот на гимназијата, во изградба на фонтана, која патем не е во дворот ниту во катастарската парцела на самата гимназија. Дали наместо во енергетско ефикасна фасада или во училишни помагала, власта гради нешто што веќе беше уредено? Дали повторно вмровските челници прават обид да бркнат со рацете во медот, злоупотребувајќи ги народните пари и задоволувајќи нечии бизнис интереси?“, реагираа тогаш од СДСМ Штип.

Дали по примерот на Скопје 2014та, Јорданов планира непродуктивно да ги троши народните пари во неоправдани проекти, прашаа од СДСМ Штип.

„Јорданов бегајќи од одговори, повторно го прашуваме, како тоа самопрогласената директорка и училишниот одбор на гимназијата, градат фонтана која ниту е во дворот ниту во катастарската парцела на самата гимназија?“, рекоа од СДСМ Штип.

Фото: Фејсбук, СДСМ Штип

„Дали Јорданов и вд. директорката градат дивоградба? Дали Јорданов при увид на овие градежни активности планира уште пред да биде изградена фонтаната, да ја руши?“, прашаа од СДСМ Штип.

Средствата на гимназијата треба да бидат наменети за училиштето , за подобри услови на учениците и вработените, а не да се инвестираат за градба на туѓо земјиште, потенцираа во декември минатата година од СДСМ Штип.

Во денешната изјава за Фронтлајн, СДСМ Штип велат дека „фонтаната сега, после инвестицијата направена во реновирање, е во очајна состојба и се шири реа од неа“.


„Не е јасно како тогашната в.д. директорк ги пренаменила средствата, бидејќи тоа е практично невозможно да се стори, имајќи предвид дека: 1. Средствата имаат точна, прецизна намена. 2. Инвестицијата за која таа ги пренаменила средствата, односно реконструкција на фонтаната, се однесуваат на сосема друга парцела. Фонтаната е на парцела до гимназијата, но нема никаква врска со парцелата на гимназијата. Дополнително што самото градење фонтана и нејзино реновирање никогаш не било регулирано од Совет, ниту преку ДУП, па тоа е, впрочем, по сите закони и прописи – дивоградба.  Фонтаната сега, после инвестицијата направена во реновирање, е во очајна состојба и се шири реа од неа“, изјавуваат за Фронтлајн од СДСМ Штип.

Ј. Ѓ.
Tags: ВМРО-ДПМНЕгимназијаШтип
Next Post

Осумнаесетта завршна изложба на дела од членовите на ликовното студио „Арс вивенди“ од Скопје

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk