Како резултат на нападот со беспилотни летала камикази врз Кијив во текот на ноќта во вторникот, беше пријавено дека едно лице загинало, а уште седум се повредени, соопшти градската воена управа на Кијив, пренесува Укринформ.
„Едно лице загина, седум се здобија со повреди со различен степен на сериозност. Сите, освен едно лице, беа погодени во областа Холосивски, каде што урнатините погодија катна зграда“, рече Серхи Попко, шеф на KCMA.
Тој истакна дека речиси сите беспилотни летала Шахед биле соборени на периферијата на главниот град и од небото над Кијив.
Дополнително избувнале и голем број пожари. Пријавено е уништување на станбени и нестанбени згради, како и оштетувања на возила во различни области на Кијив.
Ноќта на 30 мај, Руската Федерација го изведе четвртиот напад врз Кијив за само два дена. Во различни области на градот на двата брега на реката Днепро, откриени се фрагменти од соборени дронови.
Подготви: Ј. Ѓ.