ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: На земјите-кандидатки за членство во ЕУ им требаат веродостојни и реални привремени чекори со цел унапредување на економијата

May 30, 2023 11:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Братислава каде што учествува на Форумот ГлобСек 2023, го елаборираше концептот т.н. “повеќе интеграција пред членство”.

Обраќање на панелот посветен на иднината на проширувањето на Европската Унија, истакна дека иако целосното пристапување во ЕУ може да потрае неколку години, на земјите кандидати за членство во Унијата им требаат краткорочни, но веродостојни и реални привремени чекори со цел унапредување на економијата, поврзувањето и демократските процеси.

“Членството во Енергетската и Транспортната заедница, заедно со визната либерализација, беа добри примери како да се извезат правила до кандидатите пред полноправното членство во ЕУ. Постепеното проширување на оваа интеграција во други области ќе промовира стабилност, предвидливост и доверба во нашите меѓусебни односи” нагласи Министерот.

Османи уште еднаш објасни дека целта на концептот е да им се дозволи на земјите од Западен Балкан пристап до фондовите, како и набљудувачки позиции во европските институции, со крајна цел земјите од Западен Балкан да развиваат капацитети, компатибилни со европските вредности и конкурентноста на пазарот.

“Ова не е алтернатива за полноправно членство, туку нешто корисно за нашите граѓани на нивниот пат кон членството, како што е прогресивната интеграција на Единствениот пазар, на пр. слободно движење на стоки; олеснување на трговијата меѓу регионот и ЕУ преку намалување и отстранување на преостанатите царински тарифи и квоти вклучувајќи ги земјоделските производи и преку обезбедување ослободувања од трговските мерки; бесплатно снабдување на услуги и движење на капитал; вклучување во идни ориентирани трговски и даночни политики итн” објасни министерот Османи.

На панелот околу проширувањето на Унијата, со свои видувања се обратија и министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ и заменик министерката за европски и надворешни работи на Албанија, Меги Фино.

Tags: ЕУМакедонијаМНРОсмани
Next Post

Ковачевски на средба со Лајчак: Брзото членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ ќе спречи нарушување на безбедноста

НАЈНОВО

Иран негира вмешаност во антисемитски напади во Австралија

August 26, 2025

Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

August 26, 2025

Шукова: Центарот на Скопје ќе стане пешачка и велосипедска зона, без автомобили

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk