ТРОТИНЕТИСТ
„Шефе, нема повеќе ни возови ни бродови, сите ги изнајмивме, ама сите ги расипавме на пола пат. За оние што ќе ги користевме за патот до ЕУ ми е муабетот. Како ќе одиме сега во ЕУ?“, го прашале Мицкоски блиските соработници од белата палата, дознава АХА.
„Ич да не се секирате. Имам јас алтернативни решенија. Ова што сега ќе го промовираме е во духот на времето, а уствари е целата вистина. Сега ќе прикажеме со каква брзина ВМРО-ДПМНЕ е спремна да ја однесе Македонија во Европската унија.
Имено, модерно и современо, полека и лежерно – со брзина на електричен тротинет! Нема што да брзаме, нас овде сè ни е погодено. Сите сме си згрижени и нафатирани. Така што, ќе им продаваме приказни со бродови и возови за патот до ЕУ, а ние ќе си тераме ќефот. Подготвуваме и спот за кампањата, за брзо ќе биде прикажан“, рекол Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK