ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири во Брисел: Градиме сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование

May 30, 2023 15:16
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија ги почитува препораките на Европскиот совет поврзани со предучилишното, училишното, стручното, високото образование и образованието за возрасни, младинското волонтерство и мобилноста. Националните институции од сферата на образованието секојдневно покажуваат сѐ поголема зрелост во меѓуинституционалната соработка и координација. Работиме на унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес на сите нивоа, засновајќи ги политиките на стратешки документи и законски решенија донесени во инклузивен процес, со вклучување на сите засегнати страни. Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири во излагањето на билатералниот скрининг за Поглавје 26 – Образование, култура, млади и спорт што денеска се одржа во Брисел.

Како што соопшти МОН, Шаќири наведе дека уставно е загарантирано правото на образование, достапно за секого, под еднакви услови. Врз основа на Стратегија за образование 2018-2025 година, рече тој, во тек е темелна реформа на основното образование, што се одвива етапно и преку новите наставни програми и материјалите за учење поттикнува на креативност, критичко размислување и иновативност.

Во средното образование, истакна Шаќири, фокусот е на учењето преку работа, односно дуално образование, што овозможува стекнување квалитетни практични вештини за кои има потреба на пазарот на труд. Тоа ги зголемува можностите за брзо вравботување на средношколците, но и за успешно продолжување во високото образование. За зголемување на интересот на младите секоја година се организираат социјални дијалози и се дизајнираат политики на стипендирање. Во делот на високото образование, од аспект на заложбите за подигнувањето на квалитетот на академската надградба, посочи министерот, делува Агенцијата за квалитет во високото образование, во чиј состав се Одборот за акредитација на високото образование и Одборот за евалуација во високото образование.

-Нашата визијата е да обезбедиме сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование насочено кон ученикот – децата, младите и возрасните, со современи програми што овозможуваат идните генерации да стекнат знаења, вештини и компетенции согласно потребите на демократското мултикултурно општество, пазарот на трудот и новите предизвици во глобалниот научно-технолошки амбиент, истакна Шаќири.

Во сесијата прашања, информира Министерството за образование и наука, државата беше пофалена за реформата во основното образование и значајниот напредок во дигитализацијата, како и во обуките на наставниците за новите наставни програми.

-Беше поздравен напредокот во учеството на девојките во СТЕМ-науките и беше искажано очекување дека позитивните процеси ќе продолжат, наведува МОН во соопштението.

Tags: БриселЕУМОНШаќири
Next Post

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на Светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Shortcut

Најново

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk