Денес и утре (30 и 31 мај) во Хотелот Дабл Три Хилтон во Скопје ќе се одржи шестото издание на Македонскиот eнергетски форум – МЕФ.
Темата на овогодинешниот МЕФ23 е „Подобрување на триаголникот ‘Политики – Финансиска – Енергетска технологија’ за енергетска отпорност и зелена транзиција”.
Во текот на овие два дена ќе има голем број на високи владини претставници од земјата и регионот, амбасадори, претставници од меѓународни организации и фондации.
Меѓу говорниците се претседателот Пендаровски, вицепремиерот Битиќи, министерот за економија Бектеши итн.
Македонскиот енергетски форум е заедничка иницијатива на ЗИП Институт, Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.
Овој форум започна во 2018 година како иницијатива којашто требаше да поттикне редовен формален дијалог за различни теми поврзани со енергетиката, да придонесе за разјаснување на интересите на инвеститорите во енергетиката во овој регион и да понуди алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции.
Ги покануваме акредитираните медиуми кои се заинтересирани да го следат настанот, да пристигнат во хотелот Дабл Три Хилтон во 8:30 часот. Изјави за медиумите се предвидени во 09:30, по официјалното отворање на форумот. Предвиден е превод на македонски јазик.