ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ФИТР со нов јавен повик за комерцијализација на иновативноста на македонските компании

May 31, 2023 12:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави јавниот повик „Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации“, преку кој се обезбедени 8 милиони евра за поддршка на проекти за комерцијализација на иновациите на македонските компании.

Повикот е наменет за компании кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност. Финансиската поддршка е достапна за домашните претпријатија кои имаат проекти со јасна комерцијална цел и кои се во фаза на прототип, па се до преткомерцијална фаза. Доколку предлог проектот се поднесува од страна на конзорциум, во тој случај предлог проектот го поднесува водечкиот апликант, а членови на конзорциумот можат да бидат претпријатија, високообразовни и научно-истражувачки установи од земјата и странство.

Преку инструментот комерцијализација на иновации на ФИТР, досега се поддржани 180 проекти на домашни компании, со вкупен обем на инвестиции во износ од 45 милиони евра, од кои ФИТР има кофинансирано 30 милиони евра од сопствениот буџет. Овој податок говори дека ФИТР е централна институција која континуирано инвестира во подобрување на претприемничката дејност во земјата, во поддршка на иновациите на домашните компании, зголемена продуктивност и конкурентност.

На овој повик се охрабруваат да аплицираат сите компании кои имаат иновативни идеи и кои не се тековни корисници на инструментите од Фондот. Вкупниот награден фонд изнесува 8 милиони евра, а Фондот ќе обезеди финансирање до 70% или до 60% од вкупниот буџет на проектот, во зависност од бројот на вработени и годишниот приохд остварен во последните две години. Времетраењето на проектите може да биде до 24 месеци.

Дополнително, со овој инструмент ги поттикнуваме компаниите да бараат дополнителни извори на финансирање, па така доколку за времетрањето на проектот а се до одобрување на завршниот извештај од страна на Фондот, корисникот достави доказ за привлечен инвеститот кој вложил износ кој изнесува најмалку 50% од износот на финансиска поддршка доделена од страна на Фондот на корисникот, во тој случај корисникот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на ројалти.

Активности кои ќе бидат одобрени за финансирање во рамките на повикот се за: истражување и развој, тестирање, активности поврзани со заштита на интелектуалната сопственост, дизајн, развој на пилот линии, активности поврзани со обезбедување квалитет и активности за маркетинг и продажба.

Како главни критериуми според кои ќе се оценуваат предлог проектите се: степен на иновативност, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим, потенцијал на пазарот и влијание на проектот.

Поцесот на евалуација на предлог проектите ќе се одвива во две фази: фаза на претселекција која се спроведува од страна на три домашни стручни лица по проект, две стручни лица од областите што соодветствуваат со критериуммите за евалуација и едно лице од областа што соодветсвува на предлог проектот. Во втората фаза, односно фазата на селекција се спроведува од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, кои ја носат и финалната одлука за финансирање на проектите.

Рокот за аплицирање на јавниот повик Кофинансирани грантови за комерцијалиација на иновации е до 10 Јули 2023 година, до 14:00 часот. Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк: https://fitr.mk/komercijalizacija2023/

Tags: иновативностКомпанииМакедонијаФИТР
Next Post

Османи на средба со Лирман: Реалистични се нашите барања за постепен пристап до фондовите, политиките и заедничкиот пазар на ЕУ

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk