ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Фон дер Лајен од Глобсек: Земјите од Западен Балкан уште денес треба да ги исползуваат придобивките од членството во ЕУ

May 31, 2023 12:31
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Денеска сакам да презентирам нова иницијатива, тоа е нов план за раст на Западен Балкан. Сакаме уште денес да им донесеме дел од придобивките од членството во ЕУ на луѓето од Западен Балкан. Планот за раст што го предлагаме денес е изграден на четири столба. Прво, за приближување на Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ. Второ, длабока и регионална економска интеграција. Трето, да се разјаснат фундаменталните реформи и четврто да се зголемат претпристапните средства. До одреден степен, ова е нов пристап за Европската унија: ние не бараме само од нашите партнери да преземат нови чекори кон нас, туку и ние правиме голем чекор кон нив. Нашата заедничка цел е да го забрзаме нивното патување кон ЕУ. И затоа ја приближуваме нашата Унија до Западен Балкан. “, истакна шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која ја презентираше новата иницијатива за раст на земјите од Западен Балкан. на безбедносниот Форум Глобсек што се одржува во Братислава.

Таа детално ги претстави овие четири точки:

„За сите земји кои се приклучија на ЕУ во последните две децении, пристапот до единствениот пазар беше главниот двигател на економскиот раст. Но, земјите кои веќе цврсто одат на патот кон ЕУ, исто така, треба да имаат корист од нашиот единствен пазар. На пример, Западен Балкан може да се приклучи на нашиот единствен дигитален пазар во области како што се е-трговија или сајбер безбедност. Би можеле да ја олесниме нашата трговија со стоки и плаќања. Сакам нашиот единствен пазар да биде двигател на промени, не само за земјите кои веќе се приклучија на семејството, туку и за оние кои сè уште се на пат.“, потенцираше Фон дер Лајен.

Според неа, оваа поблиска поврзаност со единствениот пазар треба да оди рака под рака со заеднички регионален пазар.

„Заедничкиот регионален пазар е од клучно значење за отклучување на економскиот потенцијал на регионот. Од клучно значење е Западен Балкан да се направи поатрактивно место за европските инвеститори. И, доколку се заснова на правилата и стандардите на ЕУ, овој заеднички регионален пазар може да помогне и за забрзување на пристапувањето во нашата Унија. Сакаме однапред да му понудиме на Западен Балкан некои од предностите на членството. Но, тоа значи дека одредени барања за членство исто така треба однапред да се исполнат. Некои од реформите кои се дел од процесот на пристапување се клучни за довербата на инвеститорите. Размислете за градење независно и ефикасно судство, обезбедување здрави јавни набавки и засилување на борбата против корупцијата. Или размислете за енергетскиот пазар. Регионот на Западен Балкан има огромен потенцијал да се диверзифицира од руските фосилни горива. Но, треба да ја зголеми енергетската ефикасност, да ја засили диверзификацијата и да го забрза распоредувањето на повеќе обновливи извори. Западен Балкан може да ги постигне и двете: енергетска независност од Русија и поблиско усогласување со Европската унија за да го забрза пристапот.“, рече шефицата на европската дипломатија во обраќањето за Западен Балкан.

И нејзината последна поента: „Ние сме подготвени да го поддржиме Западен Балкан со зголемено претпристапно финансирање. Постои огромна потреба од инвестиции во Западен Балкан. Овие инвестиции ќе го подобрат животот на луѓето. И тие исто така ќе го олеснат патот кон нашата Унија. Поради оваа причина, треба да ги зголемиме ресурсите посветени на Западен Балкан“.

На Форумот, учествуваат шефови на држави и влади од Европа и светот, како и претставници на најзначајните и највлијателни меѓународни организации. Во фокус на дискусиите на претстојниот Форум се три теми – натамошната поддршка за Украина, отпорноста на Европа наспроти војната, како и ублажувањето на глобалните последици од конфликтот преку зајакнување на економските и енергетските врски.

Безбедносниот форум Глобсек е етаблиран како најистакната платформа низ регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Овогодишното, 18-то издание на Форумот, има за цел да потсети светот дека овој регион никогаш не бил поклучен во обезбедување на глобалната стабилност.

А. Василевска / Нова ТВ

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Глосбек форумЕУ- Западен БалканУрсула фон дер Лајен

НАЈНОВО

Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

June 4, 2025
Мира Мурати. Фото: Скриншот

Мира Мурати: Од OpenAI до Thinking Machines Lab – нова етапа во развојот на вештачката интелигенција

June 4, 2025

Нухиу: Изборен систем од една ИЕ е погоден за сите граѓани

June 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последниот бисер на Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Четвртата економија“ во ЕУ не се замара колку чини четврт бурек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови дилеми – Една ИЕ жежок костен за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk