Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да го минимизира нападот со беспилотнпо летало врз Москва за да избегне откривање на ограничените опции што ги има за да се одмазди на Украина, која Кремљ ја обвинува за нападот, се вели во новиот извештај објавен од Институтот за проучување на војната (ISW).
Путин инсинуираше дека нападот со беспилотно летало врз Москва е одговор на Кијив на руските напади, а руското Министерство за одбрана на 30 мај практично тврдеше дека руските сили извршиле „група напади со високопрецизно воздушно лансирано оружје со долг дострел“ во Украина.
Руското Министерство за одбрана ја обвини Украина дека утрото на 30 мај ја нападнала Москва со осум беспилотни летала и тврди дека руските сили собориле пет од беспилотните летала и потиснале три беспилотни летала со системи за електронско војување.
Путин изјави дека Украина се обидува да предизвика одговор и да ја натера Русија да ги „огледа“ нејзините постапки.
Во извештајот на ISW се вели дека шефот на Кремљ се обидел да го минимизира нападот со беспилотно летало врз Москва за да избегне разоткривање на „ограничените опции што ги има за да се одмазди на Украина“.
Акцентот на Путин на минатите и тековните ракетни напади е веројатно обид да се сигнализира дека Русија веќе активно возвраќа и нема потреба да одговори на понатамошни „украински провокации“.
Путин постојано возвраќа на наводните украински акции со наредба за масивни кампањи со ракети и беспилотни летала, најверојатно поради неможноста на руските сили да постигнат какви било одлучувачки ефекти на бојното поле.
Како што пренесува Укринформ, според руските медиуми, околу 25 беспилотни летала ги нападнале Москва и Московската област, повеќето од нив биле соборени од воздушната одбрана во Московскиот регион, некои од беспилотните летала биле фатени во дрвја и жици бидејќи летале на екстремно ниско. Три беспилотни летала удриле во станбени згради, но едено од нив не активирало експлозив.
Истражниот комитет на Русија соопшти дека неговите вработени на лице место ги истражуваат „фактите за паѓање на беспилотни летала врз зградите во Москва“.
Подготви: Ј. Ѓ.