ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

ТАВ ги пречека првите летови на ТУИ УК од Манчестер и Лондон

May 31, 2023 13:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор, денеска на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид ги пречека првите патници од Манчестер и од Лондон (Гетвик), со што го означи отворањето на овие две нови сезонски авиолинии на британски ТУИ.

Почнувајќи од денес, 31-ви мај, охридскиот аеродром Св. Апостол Павле ќе служи како врска за редовни сезонски летови меѓу Манчестер и Лондон (Гетвик), и прекрасниот град Охрид. На летовите ќе лета британската компанија TUI UK.

Директните воздушни врски што ги обезбедуваат овие чартер-летови ја елиминираат потребата за повеќекратни чекања меѓу транзитни или трансфери летови кои одземаат многу време, нудејќи им на британските патници беспрекорно и практично искуство на патување покрај волшебното Охридско Езеро.

„Возбудени сме што можеме да го објавиме почетокот на новите сезонски летови, што ги поврзуваат Манчестер и Лондон со аеродромот во Охрид, а на кои лета TUI UK. Како ТАВ, среќни сме што им посакуваме добредојде на патниците на овие нови рути. Со двете нови дестинации од Велика Британија до Охрид ќе се подобрат опциите за патување и ќе отворат можности за странските туристи да ја истражуваат неверојатната убавина и богатото културно наследство на живописниот Охрид. Охрид долго време се смета за скриен скапоцен камен, кој нуди волшебен спој на природни чуда и историски знаменитости. Со воведувањето на овие чартер-летови од Манчестер и Лондон, имаме за цел да ја направиме оваа извонредна дестинација лесно достапна, давајќи им можност на нашите гости да го откријат Стариот град кој што е на листата на УНЕСКО, да ги посетат античките манастири и цркви и да се нурнат во локалната традиција и топлото гостопримство. Ги покануваме патниците од Манчестер и Лондон, и пошироко, да тргнат на незаборавно патување во Охрид, градот кој нуди по нешто посебно за секого. Со посветеност да обезбеди одлични аеродромски услуги, ТАВ Македонија преку Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, се стреми да ги подобри искуствата од патувањето, да го промовира туризмот и да го поддржи регионалниот развој.” – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Новововедените сезонски летови од Манчестер и Лондон ќе сообраќаат со по 1 неделен лет, во периодот од 31-ви мај до 20-ти септември, а TUI UK ќе лета со Боинг 737-800, со капацитет од 189 седишта.

Како што велат од ТАВ Македонија, околу 6.000 британски патници се очекува да пристигнат во Охрид од овие две нови дестинации во текот на летната сезона.

„Северна Македонија е помалку позната дестинација за туристите во Обединетото Кралство, но тоа почнува да се менува, а TUI се уверени дека штом нашите клиенти ќе се вратат дома, ќе се прошири и распространи информацијата на пријателите и семејството за и самите да ја искусат оваа единствена дестинација. Ќе испраќаме два лета неделно до охридскиот аеродром за време на летната сезона, и од Манчестер и од Лондон Гетвик, давајќи им одличен избор на клиентите во северниот и јужниот дел на Обединетото Кралство.” – изјави Крис Логан, Извршен директор на ТУИ Велика Британија за скијање, езера и планини.

Патниците можат да ги резервираат своите авиобилети за овие возбудливи нови чартер летови преку веб-страницата на TUI и ќе имаат можност да го приспособат своето патување според нивните преференции и да го искористат максимумот од нивната посета на Охрид.

ТАВ Македонија го заврши првиот квартал од 2023 година (јануари-април) со 753.377 патници на двата аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е за 44% зголемување во однос на истиот период од 2022 година и зголемување од 9% во однос на 2019 година. која се смета за референтна година во воздухопловството, со оглед на кризата со Ковид-19. Во истиот период, јануари-април 2023 година, бројот на летови на двата македонски аеродрома изнесува 6.010 со годишен пораст од 35% и 4% зголемување во однос на 2019 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БританијаОхридТАВ

НАЈНОВО

Опис на сликата: Новата месечина, темен  кратерен круг со тенок осветлен срп одоздола, лебди над закривениот хоризонт на Земјата за време на орбитално зајдисонце. Гледано од Меѓународната вселенска станица, атмосферата на Земјата свети во сина лента наспроти темната позадина на вселената. Photo: NASA

НАСА: Новата месечина изгледа невидлива од површината на Земјата, но од вселената открива поинаква убавина

July 24, 2025

Зеленски го одобри нацрт-законот за заштита на независноста на институциите за борба против корупцијата

July 24, 2025

Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам

July 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    (ВИДЕО)Се урна авионот што исчезна над Русија, се верува дека нема преживеани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа или Истокот? Конфронтација меѓу ДУИ и ВЛЕН за геополитичкиот курс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајланд започна воздушни напади врз камбоџански воени цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk