ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: НАТО не се откажува од политичко решение на северот на Косово; во Подгорица протести за поддршка на Србите; Стапот на Смиѓиќ и лекциите за северот

June 1, 2023 11:52
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

И денеска главниот фокус на регионалните медиуми на албански јазик се фокусирани на тензиите на северот на Косово. Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека испраќањето дополнителни војници на Косово „не значи“ дека Алијансата се откажува од можно политичко решение за тековните судири на северот на земјата, а во Подгорица синоќа се одржа протест за поддршка на Србите на Косово. Според медиумите, учесниците на протестот носеа маици со натпис „Не се предава“, „Косово е Србија“, „Русија и Црна Гора“, а имало и такви со буквата „З“ и ликот на Ратко Младиќ и Владимир Путин.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од лабанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Столтенберг : Испраќањето дополнителни војници на Косово не значи дека се откажуваме од политичкото решение

„Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, во четвртокот рече дека испраќањето дополнителни војници на Косово „не значи“ дека Алијансата се откажува од можно политичко решение за тековните судири на северот на земјата.

Оваа изјава на Столтенберг дојде пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во норвешката престолнина Осло.

Запрашан дали испраќањето дополнителни 700 војници на НАТО на Косово и одржувањето на баталјон подготвен во случај на понатамошна потреба значи дека Алијансата очекува борбите да се претворат во поголем конфликт во Европа по руската војна во Украина, Столтенберг рече: „Ова не значи дека НАТО дава за политичко решение“, пренесе Репортери.

КланКосова: Во Црна Гора протест за поддршка на Србите на Косово

Во Подгорица синоќа се одржа протест за поддршка на Србите на Косово.

Не е познат организаторот на средбата на која учествуваа десетици граѓани, еден од насобраните рече дека се работи за „група граѓани“.

Поканата за собирот е испратена преку социјалните мрежи. Учесниците на протестот носеа маици со натпис „Не се предава“, „Косово е Србија“, „Русија и Црна Гора“, а имаше и такви со буквата „З“ и ликот на Ратко Младиќ, Владимир Путин, јавува Кланкосова.тв.

Зери – „Гардијан“: Британците се загрижени поради санкциите на САД и ЕУ против Косово

„Гардијан“, повикувајќи се на свои извори, пишува дека Британците ја изразиле својата загриженост што Соединетите Американски Држави и Европската Унија му се закануваат на сојузникот со казна поради начинот на кој се справуваат со неодамнешните случувања на северот. Според нив, САД и ЕУ прават грешка“, пренесува косовскиот дневник Зери.

АЛБАНИЈА

Панорама: „Златните пасоши“ ја носат Албанија во неволја со ЕУ Р-СЕ: Проект во време кога „безбедноста е загрозена“

„Кои се придобивките и ризиците од „златниот пасош“? Ова е дебатата што се води во Албанија, додека за Европската Унија е повеќе од јасно дека овој проект мора да се прекине.

Според ЕУ, ризиците од овој пасош се многу и тие се поврзани со економијата, но и со безбедноста. „Златен пасош“ може да добие и странски државјанин кој инвестира одредена сума пари во соодветната земја. Во Албанија иницијативата сè уште не е финализирана и не се познати ниту критериумите за да се има корист од неа, ниту сумата што треба да се инвестира. За прв пат оваа иницијатива беше спомната од премиерот на Албанија, Еди Рама, во 2019 година.“, пренесе Панорама.

Арбреш: Во Албанија градбите без дозвола ќе се користат за социјални станови

“Сите објекти кои се изградени без дозвола одземени од државата ќе се користат за социјални станови и јавен интерес.

Владата на Албанија го одобри предлог-законот со кој се дефинира како да се постапува во случај на префрлање од приватни во државни објекти за кои е утврдено дека ги прекршуваат дозволите.“, пренесе албанскиот медиум Арбреш.

КОЛУМНА

Коха: Стапот на Драган Смигиќ и четирите лекции од север

„Настаните на север се однесуваа на Украина, Русија и Белград.

Во официјална Приштина можеби изгледа сосема логично да се испратат тројца градоначалници со специјална полиција во нивните канцеларии. Но, испраќањето специјална полиција, иако дел од законитоста, не можеше да го компензира нивниот недостаток на легитимитет. Дури и многу подалеку од оваа дебата меѓу законитоста и легитимноста, од перспектива на европската безбедност, барикадите во Звечан се сметаа за добра можност да се тестира НАТО кога е ангажиран во поддршката на Украина.

Кога Драган Смиѓиќ тепа војници на НАТО во Звечан, неговата палка е крената во Москва. Од перспектива на Путин, тој е волонтер во војната што Русија ја води против западната цивилизација.

Следствено, стапот на Драган Смигиќ е предупредување за мирните демонстранти во Белград, за тој тивок дел од српското општество од кој се плаши власта, дека и тие се противници на големата војна што се води против Западот.“, пишува авторот Ветон Сурои во колумната „ Стапот на Драган Смигиќ и четирите лекции од север“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборирегион

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk