Драги читателки и читатели,
Изминатите седум дена изминаа во знакот на невидена поддршка од САД за македонската интеграција во ЕУ. Со директни, јасни и недвосмислени пораки, САД и меѓународната заедница ја повикаа опозицијата да учествува во носењето на одлуките за европската иднина на земјата.
Време е за одговорност, мудри и храбри одлуки, а не за лични и теснопартиски интереси на сметка на граѓанките и граѓаните. Вмро-дпмне е препознаена како кочничар на процесите, и во земјата и во светот. Во наредните денови, останува да се види дали ќе дојде крајот на штетното дејствување на оваа партија или ќе потонеме во изолација и засекогаш ќе ја пропуштиме шансата да станеме дел од големото европско семејство.
Ние остануваме на Првата линија на фактите и прогресивните идеи. Ви благодариме за довербата и поддршката. Останете на Првата линија, заедно со нас.
Срдечен поздрав,
Редакција Фронтлајн
Секој четврток наутро, дел читателките и читателите на Фронтлајн во своето поштенско сандаче добиваат бесплатен неделен њузлетер со редакциски избор од содржините. Бидете дел од големото семејство на редовни читателки и читатели на Фронтлајн, претплатете се на неделниот Њузлетер на Првата линија.
ПС. Насловот на ова издание од њузлетерот на Фронтлајн е инспириан од колумната на Љубиша Николовски под наслов „На Американците да им кажеш fuck off од чиста суета, треба да си глуп или некој од надвор дебело да те спонзорира“, објавена на 27 мај 2023.