Вечерва во центарот на Софија се одржува протестен марш против русификација на Бугарија и лошите политики на бугарскиот претседател Румен Радев кои се во корист на руските интереси
Како што известуваат за Цивил Медиа од Софија, протестниот марш под мотото „Бугарија е парламентарна република и полноправна членка на ЕУ и НАТО“ започна од претседателството и се движи кон Националното собрание
Забележливо е зголемено Полициското присуство.
Насобраните луѓе го изразуваат своето несогласување со постапките на претседателот Румен Радев, кој, според нив, не работи во корист на бугарското општество, туку во корист на руските интереси.
Насобраните граѓани носат пароли на кои бугарскиот претседател го нарекуваат „Опасност за Бугарија“, „Руски слуга“ , „Слуга на КГБ“, а Русија ја нарекуваат „Вечна империја на злото“.
Д. Мишев
Извор: ЦИВИЛ Медиа