ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Политичкото „слепило“ на еден лидер на партија, не може да биде „визија“ за државата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со неколкумина од најтесното раководство, ја монополизира својата одлука и ја колектизвизира. Тој априори, без да биде сигурен, јавно се заканува дека никој во партијата нема да гласа спротивно на неговата волја, сведувајќи ги пратениците на послушници кои ќе бидат јавно осудени ако го сторат спротивното.

June 2, 2023 14:19
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Тврдоглавоста на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да стави вето на европската иднина на Македонија, од само нему разбирливи причини, станува загрижувачка.

Рационално објаснување нема, а во јавниот дискурс подолго време циркулира здодевната, банална и излитената фраза дека „под бугарски диктат промена на Уставот нема да има“, како и крајно суетната „ние не бевме конслутирани“. Медиумите со месеци ни ја продаваат како некаква главна вест, иако по сите новинарски узанси тоа одамна веќе не е.

За жал, очекувам дека и по лидерската средба, од Христијан Мивкоски ќе ги слушнеме истите дубиози, на „харизматски“ начин искажани, со кои мејнстрим медиумите ќе ги почнат вестите.

Тоа ти е!

А всушност вест би било кога Мицкоски би најавил дека целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи уставните измени, со кои во преамбулата ќе влезат Бугарите и уште пет други делови од народи.

Или пак ако премиерот Ковачевски ја изненади нацијата и соопшти дека со сигурност постојат доволен број одважни, самосвесни пратеници од оваа опозициска партија што заради повисок, национален интерес, ќе гласаат за промена на Уставот.

Ние на Балканот, одсекогаш сме се чуделе, но и восхитувале кога значителен број пратеници од една партија во Конгресот или во британскиот Парламент, гласа спротивно на ставот на мнозинството во партијата. Или пак кога неколкумина пратеници не се согласувале со лидерот на партијата, за кого сметале дека оди во погрешна насока, па тој морал да ги моли и убедува да гласаат онака како што тој смета дека е исправно. Но. во тоа не секогаш успевал, затоа што тие пратеници или членови на партија имале дигнитет да го бранат до крај својот став. Значи, не се плашат тие од него, туку тој од нив. Така се гради демократија во една држава. Таа почнува со демократизација прво во партијата.

Kај нас е сосема спротивно. По старо-комунистичкиот принцип партијата е државата, а лидерот е „султанот“, како што велеше една професорка, (сега за жал пратеничка во една „таква“ партија).

Ако е така, а така е, оттаму лидерот си го зема правото да формира партиски став во името на сите во партијата (и пошироко), без разлика на постоењето централни комитети, извршни одбри, претседателства и други колективни тела на партијата, по статут.

Се чини дека во една таква ситуација сега се наоѓа ВМРО-ДПМНЕ, кога лидерот (и неколкумина од најтесното раководство) ја монополизира својата одлука и ја колектизвизира. Тој априори, без да биде сигурен, јавно се заканува дека никој во партијата нема да гласа спротивно на неговата волја, сведувајќи ги пратениците на послушници кои ќе бидат јавно осудени ако го сторат спротивното.

Дали тој навистина има таква моќ и дали во таа партија постојат и „други“ освен оние кои слепо му веруваат, ќе се види наскоро.

Трагедијата во вака конципирани партиски асоцијации е што политичкото „слепило“ на  лидерот нужно мора да стане „визија“ за останатите во партијата. А тоа слепило многу бргу се шири со геометриска прогресија меѓу народот преку моќната медиумска машинерија која претходно веќе ја „колективизирале“ на разни начини.

На тој начин партискиот лидер станува народен водач (што е реторички исто, само преведено од англиски), но „водачот“ добива поголема литерарна и политиколошка тежина, како во култниот расказ на српскиот писател Радоје Домановиќ, „Водачот“, во кој „еден напатен народ довербата да ги избави од небиднината му ја доверува на еден буквално слеп човек кого го нарекуваат водач, кој се разбира на крајот ги води во амбис“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не само што покажува државничко слепило кога повеќе пријатели на земјава „му отвораат очи“ советувајќи го за доброто на народот, туку ги затвора и ушите и се прави глув, мислејќи дека сите тие му правеле притисок.

Каков притисок и зошто би му правеле притисок луѓе кои по природа на работите треба тој да ги притиска и моли да му ја примат земјата во ЕУ.

Се разбира, доколку тоа му е визијата за Македонија.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Рацин.мк
Tags: МицкоскиНиколовскиуставни измени
Next Post
Reuters

Шпанска католичка црква: 728 наши членови сексуално злоставувале најмалку 927 малолетници во периодот од 1945 до 2022 година

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk