Христијан Мицкоски е пред одлуката дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе го следи патот на неговиот претходник Никола Груевски.
Груевски 11 години го блокираше евро-интеграцискиот пат на Македонија кон ЕУ за на крај да избега од државата соочен со одговорност за криминалот.
Веќе следната недела на лидерската средба ќе стане јасно дали Мицкоски е дел од блокот на ЕУ или остаува во анти европскиот блок со Левица.
Државата има историска шанса, со силна поддршка од ЕУ и САД, да го продолжи европскиот пат и да се реализира стартешката цел за полноправно членство во ЕУ.
Одговорност пред граѓаните и иднината на земјата имаат сите 120 пратеници и политичките партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ.
Изборот е интеграција или изолација.