ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Медиумите се наш партнер во градење европско, слободно и демократско општество

June 5, 2023 19:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заложбата на Владата за креирање амбиент во државата во кој медиумите ќе ја вршат својата работа професионално и независно согласно принципите на новинарството, ослободени од политички и економски влијанија и притисоци, беше истакната на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со претставници на Здружението на новинари на Македонија и на меѓународни новинарски организации.

Премиерот Ковачевски ја потенцираше улогата на медиумските здруженија, во кои Владата гледа партнери кон натамошно унапредување на медиумските слободи, како со донесениот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета со којшто се гарантира слободата на изразување и со измените на Кривичниот законик, со коишто нападот врз медиумските работници се третира како напад врз службено лице.

На средбата, информираат од владината прес-служба, беше истакнато дека Владата има подготвеност да се отвори јавна дебата со која ќе се овозможи разгледување на модалитетите со кои ќе се даде поддршка на плурализмот во медиумите во земајва.

Премиерот Ковачевски посочи дека последните релевантни извештаи нотираат дека транспарентноста на институциите се унапредува, а се намалува бројот на случаи на закани и напади врз новинарите и медиумските работници.

Напредокот на државата во слобода на медиумите беше забележан и во мерењата на „Репортери без граници“, каде Северна Македонија, од 118-то место во светот во 2016 година, стигна на 38-то место во светот по слободата не медиумите. Државата само во мандатот на премиерот Ковачевски, се искачи погоре на листата за 19 места за 1 година. Во 2016 година, државата беше на 118 место, од 180 држави. Ова е показател дека Владата има демократски и европски определби, а тоа го покажува со почитување на слободата на говор, транспарентност преку овозможување пристап до информации и почитување на независноста на медиумите, велат од Владата.

Медиумите и граѓанскиот сектор, додаваат, имаат значајна улога во развојот на демократијата, а слободата на медиумите е клучна за безбедноста и стабилноста во секоја држава. Во таа насока од големо значење е објективното и професионалното новинарство, како и квалитетен и професионален јавен сервис, со цел точни, непристрасни и навремени информации од значење за граѓаните, особено во делот на процесот на евроинтеграциите на државата.

Владата е цврсто определена кон почитување и примена на европските стандарди во медиумската област, бидејќи тоа значи квалитетно информирани и медиумски писмени граѓани, што е крајна цел и на медиумите и на Владата, порачуваат од владината прес-служба.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЗНМКовачевскимедиумимеѓународни новинарски организациисредба
Next Post
Мајк Пенс (Foto: Wikimedia Commons)

Избори во САД: Мајк Пенс влегува во трка за Белата куќа, ќе се соочи со Доналд Трамп за номинација

НАЈНОВО

Почина Панчо од ДНК

October 14, 2025

Костадиновски: Вистинска независност на Уставниот суд бара уставен закон

October 14, 2025

Уништени шуми со големина од половина Англија за една годинам, глобалното уништување на шумите се зголемува

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk