ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општина Центар и Амбасадата на САД во заедничка екоакција

June 5, 2023 13:37
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 50-годишниот јубилеј од одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина – 5 јуни, Општина Центар-Скопје и Амбасадата на САД во Република Северна Македонија утринава заеднички чистеа на одреден потег околу тврдината Кале.

Во новата екоакција, која се одвиваше под мотото #BeatPlasticPollution!, се вклучија Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски,  и амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела П. Агелер, која на работната средба  во март покажа особено голем интерес за проектите и политиките што ги спроведува Општината за намалување на загадувањето и зачувувањето на животната средина.

Целта на оваа активност, во која на волонтерска основа учествуваа и вработени во Амбасадата на САД, УСАИД и Општината, беше да се собере целокупниот сув отпад на улиците околу скопската тврдина, кој понатаму ќе биде соодветно рециклиран од надлежното претпријатие за управување со отпад ЈП „Комунална хигиена“.

„Ви го честитам 5 јуни, Светскиот ден за заштита на животната средина, со единствена желба интензивно да работиме на зголемувањето на колективната свест за зачувување на животната средина“, рече градоначалникот Герасимовски и порача дека правото на чиста и здрава животна средина е фундаментално граѓанско право, чие целосно и доследно почитување претставува услов за подобро здравје, како и поквалитетен и подолг живот на граѓаните.

Амбасадорката Ангела П. Агелер истакна дека со задоволство ја прифатила поканата на Градоначалникот да биде дел од пролетните активности за чистење на Општината. Таа наедно им се заблагодари и на сите поединци што одвоија од своето време за да придонесат во успехот на ваквите екоакции и упати апел за поголема ангажираност во решавањето на проблемот со загадувањето.

Градоначалникот ја искористи оваа акција да им додели и пофалници на  учениците од општинските основни училишта „11 Октомври“, „Димитар Миладинов“ и „Гоце Делчев“  што учествуваа на конкурсот на тема „Учиме да рециклираме – заедно креираме“ и беа наградени за најдобрo уредено училиште (катче или дел од двор) со рециклирани материјали. За реализирање на наведената тема учениците, заедно со родителите и наставниот кадар, задолжително користеа предмети, украси и разни реквизити што се направени исклучително од рециклирани материјали.

Општина Центар во континуитет организира вакви активности со логистичка поддршка на „Пакомак“ и ќе продолжи да се залага за реализирање на проекти што ќе создаваат одржлива иднина за следните генерации.

Tags: Американска амбасадаотпадЦентар
Next Post

Македонски павилјони на Прашко квадриенале 2023

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

„Авалон продукција“ објави детали за влезниците за „David Guetta“ за 8. Септември

May 13, 2026

Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата „8-ми Септември”

May 13, 2026

СДСМ бара итна оставка од јавниот обвинител Савески: Мицкоски му диктира задачи и врши притисок

May 13, 2026

Филков бара одговорност од Абази: Одлуката за запирање на истрагата за мазутот итно да се преиспита

May 13, 2026

Министерство за култура: Исплатени средствата за самостојните уметници, утре ќе бидат на нивните сметки

May 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk