Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во дебатната емисија „Клик Плус“ изјави дека мора да има премиер Албанец 100 дена пред избори, бидејќи таков бил политичкиот договор меѓу СДСМ и ДУИ кога се формирала Владата.
„Нема компромис за ова, премиерот мора да биде Албанец 100 дена пред избори. Ова е политички договор помеѓу СДСМ и ДУИ, за ова сме договорени и така ќе биде. За ова знаат и во СДСМ и немаат ништо против“, рече Џафери.