Извори од СДСМ брифираат дека премиерот Димитар Ковачевски на лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, доаѓа со план и конкретни 3 предлози.
Дел од 3 те предлози на Ковачевски, како што дознаваме, се заеднички партиите да застанат зад уставните измени и европската иднина на земјата, да ги изгласаат во Собранието. Вториот предлог е веднаш после усвојувањето на уставните измени да се распишат избори како компромисно решение кое ќе значи продолжување на европскиот пат, обединување околу стратешкиот интерес на земјата но му дава излез на Мицкоски со оглед на тоа што неговото клучно барање се избори.
Во Клубот на пратеници, започна лидерската средба.
Покрај Ковачевски, во Клубот на пратеници присутни се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ. Мицкоски е придружуван од шефот на кабинет Владимир Нелоски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
Како што соопштија од Владата. на средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.
По завршувањето на средбата планирани се изјави на кои ќе бидат соопштени детали околу разговорот помеѓу двајцата лидери.