ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општина Чаир го промовира паркот „Украина“

June 7, 2023 16:19
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во општина Чаир денеска со пригодна церемонија се отвори Паркот Украина, пред општинскиот објект, во организација на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, во соработка со украинската Амбасада во Република Северна Македонија.

На настанот присуствуваше и украинската Амбасадорка, Н. Е. Лариса Дир со делегација, претседателот на „Лесја Украинка“,  пратеници, советници од Општина Чаир, а на зелените површини од паркот седеа ученици од основните училишта со украински и македонски знаменца, во знак на поддршка на украинските деца.

Церемонијата на промовирањето на Паркот Украина, започна со интонирање на химните на Република Северна Македонија и Украина.

Настанот го отвори градоначалникот Ганиу, со пригоден говор, а потоа ја покани Амбасадорката Дир на говорницата.

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу на промовирањето на ПАРКОТ „Украина“, 7 јуни, 2023 фото: ЦИВИЛ

„Денеска се собравме тука за едно многу важно дело, не само за Чаир, туку и за целата држава. Бидејќи денеска, го промовираме паркот „Украина“, веднаш до зградата на нашата општина, во непосредна близина на плоштадот “Вудроу Вилсон“, и на една од најфреквентните места во Скопје. Сакаме да ја пренесеме пораката, дека сите сме со Украина и со украинскиот народ, со нив сме од почетокот на војната, и сме против агресијата врз нив. Војната не е решение за ниту еден проблем, уште помалку, убивањето невини цивили. Бидејќи, со војна не можеме да го промениме светот кон подобро, туку со мир. Затоа ви ја пренесуваме пораката дека секогаш ќе бидеме со Украина и со украинскиот народ, исто како и нашите пријатели од ЕУ и САД. Отсега, секој што ќе помине низ овој парк, ќе се потсети на Украина и Украинците“, рече меѓу другото градоначалникот Ганиу.

Амбасадорката на Украина, Н. Е. Лариса Дир, отворање на паркот „Украина“ во Чаир, 7 јуни, 2023фотографија: ЦИВИЛ
Амбасадорката на Украина, Н. Е. Лариса Дир, отворање на паркот „Украина“ во Чаир, 7 јуни, 2023 фотографија: ЦИВИЛ

“Денес, на седми јуни, се собравме во овој прекрасен парк во општина Чаир, да му го доделиме името „Украина“. Овој предлог на градоначалникот на општина Чаир, беше одлична вест.Оваа инспиративна понуда беше многу контрастна, во споредба со вестите што секојдневно ги добиваме од Украина. Русија продолжува да врши геноцид на територијата на Украина, убива Украинци, го тероризира цивилното население, насилно депортира украински деца од привремено окупираните територии на Украина, во териториите на руската Федерација. Никогаш не помислив дека нашите, украински деца, ќе бидат деца на војната! Државата терорист, Русија, мора да биде поразена, целиот демократски свет и помогна на Украина. Северна Македонија е една од оние држави која меѓу првите и помогна на Украина. Украина и е благодарна на Северна Македонија за укажаната хуманитарна и воена помош, постојаната поддршка во меѓународните организации, и поддршката на евроатлантските аспирации на Украина. Денес имаме можност да добиеме од општина Чаир на град Скопје, морална и духовна поддршка, која е бесценета“, рече Н. Е. Лариса Дир меѓу другото во својот говор.

Ганиу – Н. Е. Дир, парк „Украина“, Чаир, 7 јуни 2023 фотографија: ЦИВИЛ

Плочата со името „Парк Украина“ ја открија заедно градоначалникот Ганиу и Амбасадорката Дир, а потоа Дир им подели подароци во форма на пакетчиња на учениците кои со своето присуство им оддадоа почит на украинските деца.

Н. Е. Лариса Дир им дели подароци на учениците од Чаир, 7 јуни 2023 фотографија: ЦИВИЛ

На настанот учествуваа и членовите на ЦИВИЛ, кои со своето присуство ја искажаа својата постојана  безрезервна  поддршка кон Украина и украинскиот народ.

Д. Тахири

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Фотографии: ЦИВИЛ

Преземено: Цивил Медиа

Tags: ГаниуДирПарк „Украина“ЦИВИЛЧаир
Next Post

Трговската размена во периодот јануари − април 2023 изнесува 6,4 милијарди евра

Shortcut

Најново

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk