ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Белград одржан шестиот протест „Србија против насилството“ со најава за радикализација на следниот

June 9, 2023 22:15
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Во Белград одржан шестиот протест „Србија против насилството“ со најава за радикализација на следниот
Фото: МИА

Во Белград одржан шестиот протест „Србија против насилството“ со најава за радикализација на следниот Фото: МИА

Во Белград се одржа шестиот масовен протест „Србија против насилството“ со учество како и минатите недели на десетици илјади граѓани, со фокус на протестот на образованието, јави дописникот на МИА од Белград.

Протестот се одвива во мирна атмосфера, во форма на протестна прошетка од Народното собрание по централните улици со правење на прстен и блокада овојпат околу Владата. Граѓаните на чело на колоната го носеа транспарентот „Србија против насилството“, „Студентите против насилството“ и картонски фигури со ликовите на претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, Драган Вучиќевиќ од Информер, Оливера Зекиќ од РЕМ и Жељко Митровиќ од Пинк-во затворски одела.

По поддршката што ја дадоа бројни познати актери и личности, денес покрај повеќе говорници меѓу кои беше и актерката Сека Сабљиќ, говореше и професорот на Правниот факултет, Миодраг Јовановиќ, кој во име на околу 1000 членови на академската заедница потписници на нивниот Проглас против насилството кажа:

– Даваме целосна поддршка на барањата на академските протести. Цела деценија нема слобода на медиумите, јавниот простор е загаден со насилство од националните фреквенции. Како највисока доблест се издвојуваат лојалноста и покорноста кон властите. На крикот на граѓаните дека Србија повеќе не треба да биде таква земја, власта одговори со малтретирање и навреди што ги шират народните пратеници, нагласи Јовановиќ.

На почеток на протестната прошетка, актерот Хаџи Ненад Маричиќ во име на организаторите најави дека „доколку до крајот на идната недела не бидат исполнети нивните барања, протестите ќе добијат нов облик, од бината ќе се тргне во нови акции“.

Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедносната агенција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Проевропската опозиција само технички ги организира овие граѓански протести кои започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција ги поддржува и учествува на нив.

Претседателот Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста со премиерката Ана Брнабиќ во среда изјави дека „ќе продолжи да ги чека некои луѓе да разговараат со него“, додавајќи дека „тие се надеваат на некои други работи кои никогаш нема да се случат, дека власта ќе биде преземена на улица“, најавувајќи можност за вонредни парламентарни избори, како излез од кризата.

Извор: МИА

Tags: „Србија против насилството“шести протест
Next Post

Пратеникот Снопче од Алијанса за Албанците за ЦИВИЛ Медиа: Ако Мицкоски е сериозен, и Алијанса е подготвена да излезе од владата

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk