Пратеникот и координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците (АА), Халил Снопче, во ексклузивна изјава за ЦИВИЛ Медиа, го коментираше условот што го испорача шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, неговата партија да влезе во влада со проширено мнозинство, но без ДУИ.
„Ќе излеземе од владата, ќе поддржиме било каков договор меѓу СДСМ и ВМРО и нека се изгласаат уставните промени. Ако навистина може да испорачаме почеток на преговорите по цена и на абнормалноста, и за тоа сме спремни без никаков проблем“, изјави пратеникот Снопче за ЦИВИЛ Медиа.
Во разговорот, Снопче вели дека опозицискиот лидер овие изјави не ги дава во афект, или во недостаток на информации и интелигенција.
„Не сметам дека г. Мицкоски има недостаток на интелигенција кога дава вакви изјави. Недостатокот на интелигенцијата во изјавите, не може да се компензира со популистички изјави, поради тоа што понекогаш може да бидат ризични. Не може да се направи пазар со демократските вредности. Коцкањето со демократијата, всушност преставува тенденција нормалноста да се замени со абнормалност, што не е добро за државата“, вели Снопче за ЦИВИЛ Медиа.
Сепак, заклучува тој, еве нека им биде, ако ВМРО-ДПМНЕ навистина мисли така, тогаш, и ние како Алијанса за Албанците нема да направиме никаков проблем и никаква пречка.
Д. Јонузи