ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Ќе поддржиме Влада без претставници на ДУИ на денот кога ќе стапат во сила уставните измени

June 10, 2023 21:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Централното претседателство на ДУИ го заврши својот состанок во партиското седиште во Мала Речица, а партијата информираше дека се прифаќаат предусловите кои се упатени кон нив со цел да има промени во Уставот и почеток на преговорите за членство во Европската унија. Партискиот портпарол Бујар Османи рече дека неколкучасовната седница била исклучиво наменета за оваа одлука, јави МИА.

Тој посочи дека на седницата се анализирал состанокот на премиерот Димитар Ковачевски со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по кој имаше и одговор на ДУИ во однос на барањето на опозицијата да се формира Влада во која нема да учествува нивната партија, како предуслов за поддршка на уставни измени.

Прво, историскиот момент пред кој се наоѓа државата како можност за брзо членство во ЕУ пред сè создадена со геополитичката случувања со војната во Украина. Големата свесност на ЕУ за Западен Балкан и брзата трака која се појавува како шанса. Повикувајќи се на консензуалната потреба на луѓето, без разлика на припадност, за подобар животен стандард, за можност за задржување на луѓето овде, за брза трака за членство во ЕУ наредните години, Централното претседателство ја реафирмираше консензуално и одлучно првичната одлука којашто ја претставивме веднаш после средбата на претседателите на политичките партии – дека ДУИ е спремна истиот ден кога ќе стапат во сила уставните измени да ја напушти Владата, доколку е тоа предуслов опозицијата да ги поддржи уставните измени, истакна Бујар Османи.

Тој понатаму рече дека нема поважно прашање денес отколку европската иднина на државата и европската иднина на граѓаните.

Имаме историска шанса којашто доколку ја пропуштиме нема да ја имаме сигурно во наредните 10-20 години. Затоа ДУИ проценувајќи го овој моментум врз основа на кредибилни информации коишто и јас ги претставив на седницата на ЦП и тоа што Али Ахмети го образложи, донесе одлука да поддржи една таква одлука во којашто ДУИ ќе поддржи Влада без претставници на ДУИ на денот кога ќе стапат во сила уставните измени, посочи Османи.

Од ДУИ велат дека нивното Претседателство бара паралелно да се одвива уште еден процес.

Тоа е почеток на ветинг и истрага на сите политички партии, почнувајќи од претседателите до последниот партиски функционер, вклучувајќи и пратеници, функционери и така натаму, со цел еднаш за секогаш оваа злоупотреба на борбата против корупцијата за партиски цели да и се стави крај и да се институционализира. Сметаме дека е тоа многу важен процес за да создаде амбиент да се изгради доверба за да може овој процес да се одвива побрзо, истакна Османи.

Tags: ВладаДУИОсманиповлекувањеуставни изменицентрално претседателство
Next Post

Вонредни парламентарни избори во Црна Гора, отворени избирачките места

НАЈНОВО

Оскарите

Академијата бара членовите задолжително да ги гледаат сите номинирани филмови за Оскар пред гласање

November 14, 2025

Отворено писмо до премиерот Мицкоски од Судски совет, Врховен суд и Здружението на судии

November 14, 2025
Фото: Скриншот, Јутјуб

(ВИДЕО) Успешно полета ракетата „Њу Глен“ на „Блу oриџин“ – носи два сателити на НАСА кон Марс

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk