Советничката Алтина Асани во своето обраќање на јавниот настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, меѓу другото раскажа дека во Гостивар е дојдена од Приштина, и дека не го знаела македонскиот јазик кога се вработила во Фондот за здравство.
„Ја преживеав војната во Косово и бев голема националистка која не сакав да слушне за друга етничка заедница и припадност. Но, за време на моите студии запознав студенти кои беа припадници на други етникуми и тоа ми помогна да се адаптирам и соработувам со другите.
Кога се вработив во ФЗО бев третата Албанка што се вработи таму, и колегите ме прашуваа како ќе работам кога не го знам јазикот. Меѓутоа од желба, но и инает ,го научив македонскиот јазик за само два месеца. Денес со гордост кажувам дека знам да зборам, пишувам и комуницирам на македонски јазик. Она што не можам да го разберам е тоа што моите колеги Македонци и по 20 години не се ни потрудија да го научат мојот јазик (албанскиот). Односно не сакаат да признаат дека го разбираат“, вели таа.
Д. Тахири
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Горан Наумовски
Преземено: Цивил Медиа