Советникот во општина Гостивар, Лек Далипи, во своето обраќање на јавниот настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, вели темите како што се мултикултурализам, еднаквост, почитување на различностите не треба да ги гледаме како наивни, бидејќи силите на злото секогаш се поактивни.
„Ваквите средби се добри, кога се зборува за темата мултикултурализам, европски вредности и овие меѓуетнички теми, кои понекогаш изгледаат наивно, но, не се наивни. Бидејќи другата страна, силите на злото, се многу поактивни, посебно ако земеме предвид дека технологијата дава многу можности за радикализација, и на етничка и на религиозна основа. Тие не спијат, работат многу. Вие требаше да дојдете од Скопје, ние да се собереме овде „сто“ луѓе, гледате, има дваесетина луѓе кои тука слушаат за толеранција, а од другата страна има голема аудиенција. Така што, би ве посоветувал да ја продолжите оваа борба, иако мислењето е дека овие теми веќе не се интересни во Македонија. Се, гледате во Америка, за час може да искрсне проблем. Оваа борба никогаш не треба да се гледа како завршена, секогаш треба да опстојат сили кои се борат за едно отворено општество“, порача Далипи.
Д. Тахири
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Горан Наумовски
Преземено: Цивил Медиа