Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна пред судот во Мајами за да се соочи со федералните обвиненија. Тој повторно беше официјално уапсен.
Трамп е обвинет за незаконско задржување доверливи документи и лажење на службениците кои се обиделе да ги вратат, но Трамп тврди дека не е виновен и вети дека ќе продолжи со кампањата за изборите што ќе се одржат во ноември 2024 година.
Тој е првиот поранешен или сегашен претседател кој се соочува со кривични пријави, но правните експерти велат дека тоа не го спречува да се кандидира или да ја преземе функцијата претседател дури и ако биде прогласен за виновен.
Г. Т.