ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Продолжува поддршката на стопанството со поволни средства од ЕИБ, усвоен законот во Собранието за кредитна линија од 100 милиони евра

June 15, 2023 11:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка обезбеди Владата на РС Македонија наменети за малите и средни претпријатија за надминување на предизвиците кои произлегуваат од енергетската и економска криза. Вчера во Собранието беше усвоено законското решение за гаранција за Договорот за заем на овие средства, подготвено од Министерството за финансии.

„Со овие средства се излегува во пресрет на бизнис заедницата за обезбедување свеж капитал на малите и средни претпријатија, како и средно пазарно капитализирани претпријатија и проекти за зелена транзиција согласно економските мерки на Владата на Република Северна Македонија за заштита на потрошувачите и компаниите од енергетската криза. Ова е од големо значење за надминување на проблемите што произлегуваат од светската енергетска и економска криза којa директно го погодува работењето на малите и средните претпријатија. Тие значат поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството, зголемен извоз и зелена транзиција, како и задржување на конкурентната позиција на компаниите”, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Со цел надминување на проблемите кои произлегуваат од светската енергетска и економска криза, која директно го погодува работењето на малите и средните претпријатија, Владата донесе мерки за стимулирање на работењето на мали и средни претпријатија преку пронаоѓање на модалитети за стимулирање на процесот на производство, обезбедување ликвидност на претпријатијата, зачувување на работните места, како и задржување на конкурентната позиција на компаниите.

Кредитната линија ќе се пласира преку Развојната банка на Северна Македонија, а за крајните корисници средствата ќе бидат достапни преку деловните банки по поволна каматна стапка и подолги рокови на отплата. Компаниите ќе може да ги користат за обртни средства и за инвестиции, а целта е да се обезбеди свеж капитал и ликвидносна поддршка.

Ова е седма кредитна линија, што од ЕИБ се реализира преку Развојната банка на Северна Македонија со која вкупната поддршка на Владата кон приватниот сектор изнесува 650 милиони евра. Таа претставува и продолжување на активностите за поддршка на стопанството што Владата ги реализира преку Развојната банка на Северна Македонија, каде се пласираа средства и од кредитните линии кои беа дел од донесениот пакет антикризни мерки достапни по поволни услови.

Дополнително во Собранието со усвојување на измените и дополнувањата на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај ЕБОР по Договорот за заем за финансирање на проектот Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2, се овозможува пренамена на средства од заемот од ЕБОР за заокружување на дел од градежните работи на железничките коридори 8 и 10, односно заемот од ЕБОР покрај за градежни работи за изградба на железничката линија од Бељаковце до Крива Паланка (фаза 2), вклучувајќи и обнова на постојните делови од линијата, ќе се користи и за финализирање на изградбата на железничката линија од Куманово до Бељаковце (фаза 1), како и финализирање на подобрувањето на железничката пруга на Коридорот 10. Пренамената на средствата од обезбедениот заем од ЕБОР се овозможија со доделениот рант за реализација на овој проект од Инвестициска рамка за Западен Балкан – ВБИФ.

Tags: Бесимиекономија
Next Post

Спасовски: Приклучување на Западен Балкан во ЕУ за заокружување на стабилноста на европскиот континент

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk