ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска – Стојменова-Дух: Ја интензивираме соработката на полето на дигитализацијата и евроинтеграциите

June 15, 2023 11:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во рамките на Преспа форумот за дијалог 2023, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска одржа билатерaлна средба со Емилија Стојменова-Дух, министерка во Владата на Република Словенија задолжена за дигитализација.

Во конструктивниот разговор со словенечката министерка со македонско потекло фокусот беше ставен на прашањата поврзани со дигиталната трансформација на општеството. Вицепремиерката Грковска ја информираше Стојменова-Дух за актуелните процеси во Северна Македонија на ова поле, со акцент на активностите на Националниот совет за дигитална трансформација со кој претседава. Таа нагласи дека во Советот учествуваат претставници на сите засегнати страни во овој значаен процес, вклучително и од опозицијата, со цел да се нагласи значењето на овие процеси за целото општество, а кои треба да се спроведуваат контунуирано и без оглед на политичките промени.

Министерката Стојменова-Дух ја нагласи подготвеноста за поддршка од страна на Република Словенија поврзанa со дигитализацијата, посочувајќи дека во нивната земја се користат нови технологии кои ќе бидат интероперабилни со останатите. Надоврзувајќи се на вицепремиерката Грковска, која истакна дека во моментов се работи на воведувањето електронска лична карта, Стојменова-Дух го истакна позитивното словенечко искуство со електронските документи за идентификација, кои добиваат награди и на светско ниво и кое со задоволство би го споделиле со нашите институции. Се разговараше и за потребата од инвестиции во сајбер безбедноста и за зголемување на свеста на граѓаните за сите теми поврзани со технолошките промени.

На средбата, вицепремиерката Грковска се осврна и на останатите активности на нејзиниот Кабинет, поврзани со политики за справување со корупцијата и јакнење на интегритетот на носителите на јавни функции. Во однос на евроинтеграцијата на нашата држава, за која во континуитет добиваме поддршка од пријателска Словенија, министерката Стојменова-Дух изрази подготвеност да се вклучи во активности со кои на граѓаните во нашата земја би им помогнале подобро да ги разберат големите придобивки од членството во ЕУ, наспроти евроскептицизмот кој се зголемува во контекст на актуелните предизвици со кои се соочуваме.

Претставничките на двете влади се согласија и околу важноста на истакнување на женската перспектива во општествено-политичките процеси, пришто словенечката министерка со задоволство ја прифати поканата на вицепремиерката Грковска да се приклучи на Форумот на жени лидери од ЈИЕ за антикорупција и добро владеење, кој беше основан на нејзина иницијатива.

Tags: ГрковскаМакедонијаСловенијаСтојменова-Дух
Next Post

Преспа форум: Младите треба да се гледаат како лидери денес, не како лидери утре

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk