ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

РСЕ: Приштина го забрани влезот на сите возила од Србија во Косово

June 15, 2023 09:42
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Косово објави дека, „по киднапирањето на тројцата косовски полицајци од страна на српските сили“, одлучи да го забрани влезот на територијата на Косово на сите возила со таблички од Србија, јави Радио слободна Европа (РСЕ).

Веста за сервисот на албански јазик на РСЕ синоќа ја потврди портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Криезиу, кој изјави дека по настанот што се случи во средата на границата со Србија, косовските институции одлучиле да го зголемат нивото на контрола на границата.

– Од безбеднони причини. институциите одлучија да го зголемат нивото на контрола на границата. Поради тоа одлучено е да се забрани влезот на возила со таблички на Република Србија, а во меѓувреме продолжува анализирањето на ситуацијата од безбедносните институции, изјави Криезиу.

Настанот, според Полицијата на Косово, се случил во среда напладне, кога се претпоставува дека полициските службеници биле киднапирани од српски сили при патролирање во месноста Тресаве/Баре, на граничната линија меѓу двете држави во северно Косово.

Тресаве/Баре се наоѓа во општина Лепосавиќ, на територијата на Република Косово.

Официјални извори од Белград изјавија дека лицата се уапсени од антитерористичка единица на српската жандармерија, внатре на територијата на Србија, во општина Рашка.

Косовското државно раководство тврди дека полицајците се киднапирани на косовска територија и велат дека се работи за „чин на агресија“ од страна на Србија. Тие бараат од меѓународниот фактор да ја осуди Србија за таквото однесување и да ги принуди српските власти веднаш да ги ослободат приведените полицајци.

Полицијата на Косово објави дека тројца нејзини припадници во средата, 14 јуни, биле киднапирани од маскирани лица од Србија на едно од патиштата во северно Косово, на меѓудржавната граница, што се користело од српски криминални групи за нелгален премин и шверц од Србија.

Медиумите во Белград тврдат дека косовските полицајци се уапсени на српска територија, при што објавија и фотографии од апсењето на униформираните лица кои се наводно косовски полицајци. Приштинските медиуми, пак, напоменуваат дека вчерашниот инцидент се случи ден откако во Северна Митровица беше уапсено лицето Милун Миленковиќ – Луне, за кого се вели дека е еден од водачите на нелегалната организација, поддржувана од Белград, позната како „Цивилна заштита“ и организатор на нападите врз припадниците на КФОР и косовската полиција за време на неодамнешните протести на косовските Срби во Звечане.

Tags: Возилазабранет влезПриштинаСрбија
Next Post

ОН: Повеќе од два милиони луѓе ги напуштиле домовите поради борбите во Судан

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk