Вработени во Царинската управа, членки на Синдикатот на УПОЗ, денеска во тек на паузата одржаа предупредувачки протест пред зградата на управата, барајќи 30 проценти повика плата.
Во тек на протестот тие добија покана за средба со директорот на Царината Стефан Богоев, кој истакна дека не очекува во ниту еден случај да не дојде до затворање на гранични премини,
– Со службите на Царинска управа, ќе разговараме што досега е направено, бидејќи и досега се направени работи во поглед на работничките права и условите за работа. Во координација со Управата за јавни приходи, која има сличен проблем, ќе разговараме со Министерството за финансии, изјави Богоев.