ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Грижата за финансиската писменост на младите и во изминатата учебна година беше еден од приоритетите на Народната банка

June 19, 2023 09:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка спроведе засилени активности во доменот на финансиската едукација преку изведување обуки за учениците, спроведување едукативни презентации, едукативни материјали, натпревари, квизови и објави на едукативни содржини и во учебната 2022/2023 година. Народната банка ја заокружи годината со изведени над 150 едукативни предавања за јакнење на финансиската писменост и инклузија, со голем број учесници, меѓу кои ученици, студенти, наставници и професори, како и деца од предучилишна возраст.

Предавањата за учениците и студентите го одбележаа и годинашното издание на Глобалната недела на парите, под тема „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината” којашто беше посветена на одржливоста и подигнувањето на свеста од последиците на индивидуалното финансиско однесување, не само врз финансиската иднина, туку и врз животната средина и општеството. Заложбата на Народната банка е да ги поттикне младите луѓе да гледаат долгорочно при носењето на своите финансиски одлуки и да го имаат предвид влијанието врз животната средина и општеството. За таа цел, Народната банка изведе виртуелни предавања за учениците од основните училишта од руралните и од помалите градски средини. Со предавањата беа опфатени голем број ученици и професори. Учебната година, во чии рамки беше вклопена и финансиската едукација од Народната банка, заврши и со едукативен квиз за учениците од едно средно економско училиште, како и виртуелно предавање за студентите, кои имаа можност да се запознаат со инфраструктурата на платните системи во нашата земја, видовите платежни услуги и развојот на платежните услуги во последните неколку години, како и со основните карактеристики и придобивки од воведувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила од 1 јануари 2023 година. Воедно, во текот на јуни, во соработка со Сојузот на математичари, ќе се одржат предавања за подготовка на тимот на средношколци коишто ќе ја претставуваат нашата земја на Меѓународната економска олимпијада.

За зголемувањето на финансиската писменост и финансиската инклузија на населението се предвидени активности и во Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021 ‒ 2025 година. Во денешните услови на динамичен финансиски систем таа е сѐ попотребна за сите возрасти и за сите социјални слоеви од населението. Досегашното успешно работење се потврдува и со продолжувањето на соработката во доменот на финансиската едукација со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерство за финансии на Холандија во рамките на Проектот за финансиска писменост и во наредниот петгодишен период од 2023 до 2027 година, при што предност му се дава на натамошното подобрување на нивото на финансиската писменост на населението преку утврдувањето и спроведувањето на домашните стратегии и политики за финансиска писменост, преку изработка на анализи, извештаи и препораки за градење капацитети приспособени на соодветните институционални потреби и стратегиските приоритети.

Tags: Народна банкаФинансиска писменост
Next Post

Санкционирани 193 возачи за еден ден во Скопје

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk