ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи – Клеверли: „Силна британска поддршка за усвојување на уставните измени и непречен европски пат на државата”

June 19, 2023 15:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, Џејмс Клеверли, на која присуствуваше и министерот за Европа, Лео Докерти.

Министерот Османи упати благодарност за значајната улога на Обединетото Кралство во одржување на безбедноста и просперитетот во регионот и поддршката во клучните области за напредокот на Северна Македонија, како доброто владеење, реформите во безбедносниот сектор и во судството, како и социо-економскиот развој.

„Обединетото Кралство, изминатите три децении е посветен и доверлив партнер на нашата држава и вокален поддржувач на нашите стратешки надворешно- политички приоритети што претставува уште една потврда за британскиот интерес за долгорочно присуство во регионот”, истакна Османи.

Министерот Османи брифираше околу европското досие на државата и процесот на уставните измени, како неопходен чекор за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија паралелно со реформската агенда потребна за исполнување на условите за членство во ЕУ.

„Нѐ радува силната британска поддршка за усвојување на уставните измени со цел продолжување на евроинтегративниот пат и обезбедување на европската иднина на државата”, потенцира Османи.

На средбата беа разменети ставови за актуелните политичко-безбедносни состојби во регионот од Западен Балкан, како последица од воената агресија врз Украина од позиција на сојузници во рамките на НАТО.

Во својство на Претседавач со ОБСЕ, Османи информираше за предизвиците со кои се соочува Организацијата и можностите за ндаминување на истите.

Tags: БританијаКлеверлиМакедонијаОсмани
Next Post

Дисонантен десничарски популизам како фалш труба

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk