ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Урбанович: Разнесувањето на Каховската брана е крволочен чин со кој руските агресори уште еднаш докажаа дека нивна цел е уништување на сѐ што е Украина и украинско

June 19, 2023 14:17
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Со Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“, разговаравме  во врска со уривањето на браната кај Каховската хидроелектрана од страна на руските окупатори.

ЦИВИЛ МЕДИА: Која е целта на уривањето на браната на ХЕЦ Каховка? Кои се последиците од овој напад на критичната инфраструктура?

УРБАНОВИЧ: Русија е држава-терорист која е целосно одговорна за разнесувањето на браната на ХЕЦ Каховка. Несомнено е дека намерното разнесување на браната го извршија руските окупатори за да создадат еколошка катастрофа и да ја усложнат деокупацијата на украинските територии. Нејзиното разнесување на 6 јуни 2023 година е уште едно злосторство без преседан на русија против Украина, кое ќе има катастрофални последици за населението не само на јужниот регион на земјата, туку и на другите земји. Сепак, зборуваме за еколошки и економски последици, голема закана за радијационата и прехранбената безбедност.

Заклучно со денес целосно или делумно се поплавени следните населени места: Тјагинка, Љвово, Одрадокамјанка од Бериславскиот реон, Иванивка, Микиљске Токаривка, Поњативка, Билозерка, микрореонот Острив во градот Херсон, Херсонска област.

Каховската водна акумулација, на којашто е изградена браната, сочинуваше 18 милиони кубни вода. Уривањето на браната предизвика огромни поплави во градовите и селата низводно од Днипро, предизвикувајќи многубројни човечки жртви. Поради поплавите, според процената на ОН, околу 700 илјади лица останаа без пристап до вода за пиење.

Разнесувањето на браната ќе го лиши или драстично ќе го влоши снабдувањето со вода за пиење на Крим, Херсонската област и сериозно ќе ја усложни ситуацијата во Днипропетровската и Запорижската област.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали е можно враќање на животот во овој регион?

УРБАНОВИЧ: Околу 80 населени места се поплавени, некои од нив целосно и не можат да бидат обновени. Бранови високи и до 4,5 м не оставиле никакви шанси за спасување, ни на луѓе, ни на добиток. Водата однесе во морето цели куќи. Уништени железнички пруги и авто-патишта. Заедно со вода од поплавеното земјиште, каде претходно биле поставени руски одбранбени линии, се повлекле мини и друга воена муниција, која се движи низ целата територија на разлевање на водата се до Црното море и претставува смртоносна опасност.

Со уривање на браната, исто така, се намалува ниво на езеро коешто атомска централа Запорожје го користи за ладење на реакторите, и што повторно става ситуација околу атомска централа на раб на катастрофа од светски димензии.

Разнесувањето на браната ја остави Каховската акумулација без вода, предизвикувајќи огромна штета, угинување на водниот свет, а исто така се уништија илјадници хектари најплодно земјиште, коешто ја хранеше не само Украина, но и многу други земји. И после повлекувањето на водата од поплавите, отсуство на водата во Каховската акумулација ќе оневозможи користење на земјиште и неговото наводнување, ќе претвори најдобри почви во пустелија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали подрачјата погодени од оваа катастрофа добиваат некаква помош? Дали е обезбеден пристап до регионот?

УРБАНОВИЧ: Руските окупатори, коишто контролираат дел од поплавените населени места, не дозволуваат таму пристап на меѓународни организации до цивилно население и го оставаат без каква било помош.

Уривање на брана од такви димензии може да се спореди и со употреба на оружје за масовно уништување како што тактичко нуклеарно оружје. Затоа, ние решително го осудуваме овој терористички и варварски чин и бараме светот да не стои настрана од овој невиден до сега екоцид!  Повикуваме меѓународна заедница да се заложи што побрзо виновните да бидат казнети и да одговараат за стореното. Ова невидено воено злосторство – напад на објект од критична инфраструктура  треба да се разгледува во Меѓународниот суд!

ЦИВИЛ МЕДИА: Која е вашата порака до меѓународната и македонската јавност?

УРБАНОВИЧ: Руските окупатори со таков гнасен и крволочен чин уште еднаш докажаа дека нивната цел не е во „ослободување“, туку во уништување на сѐ што е Украина и украинско!

Но сакаме да увериме дека и такви нечовечки потези на непријателот нема да го обесхрабрат украинскиот народ и нема да го спречат во ослободување на својата земја!

Исто така, ги повикуваме македонските власти да ја осудат бруталната руска агресија и овој чин на геноцид врз украинскиот народ, како и да ја разгледаат можноста за обезбедување на техничка и хуманитарна помош на бројните населени места погодени од рускиот тероризам.

Преземено  ЦИВИЛ Медиа 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“Олександр Урбановичруска агресија врз УкраинаХЕЦ Каховка
Next Post

Богоев на средба со Бесими - разговарале за барањата на вработените во Царина

НАЈНОВО

Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025

Макрадули: Станува јасно зошто Владата не ги исполнува ветувањата

September 10, 2025

БРТ е единственото решение за брз и ефикасен превоз во Скопје, смета Шукова

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Али и Мали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk