ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Илхан Ќучук: Уставните измени ќе се најдат во македонското Собрание во рок од две недели

June 23, 2023 17:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Постапката во македонското Собрание за уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот на земјава ќе започне во рок од две недели, тврди бугарскиот европратеник и известувач за Европарламентот за земјава, Илхан Ќучук.

– Оваа или следната недела Владата ќе го достави конкретниот предлог на Работната група на расправа во Собранието, изјави Ќучук за бугарската телевизија бТВ.

Европратеникот кој неделава престојуваше во Скопје во рамки на Жан Моне дијалогот во Собранието, за БНТ пак изјави дека при тоа имал средби со претставници и на власта и на опозицијата.

Според него, вклучувањето на Бугарите, Црногорците и Хрватите во Уставот на Северна Македонија е многу чувствителен процес и како и при секое отворањето на кој било устав има сложена процедура кој бара јавна, но пред се политичка дебата.

– Врз основа на практиката на Европскиот парламент да не се објавуваат извештаи пред важни прашања, предложив разгледувањето на Извештајот за напредокот на земјата да остане за на есен, изјави Ќучук.

Тој смета дека одлагањето на разгледувањето на Извештајот ќе биде во полза за сите, но пред се за земјава, бидејќи ќе го добие потребното политичко време за да ги реши сите проблеми.

Ќучук изјави дека во извештајот се повикува земјава да води сметка за „нападита врз лица со бугарска самосвест“ и да преземе мерки согласно законот. Тој негираше дека во подготовката на извештајот не работел под диктат и ги отфрли тврдењата дека од документот ги исфрлил „барањата на Бугарија за престанок на говорот на омраза и за почитување на правата на луѓето со бугарско национално чувство“.

– Тоа е цел компромис. Билатералните прашања се посебно теми во секој извештај. Прашањата за правата на Бугарите, нивното место во јавниот живот на Република Северна Македонија и јазикот на омразата се целосно различно прашање, вели Ќучук.

Тој посочува дека подготвениот извештај претставува консензуален текст што тој заедно со неговите колеги им го доставува на усвојување на пратеничките групи во Европскиот парламент.

Според него, Извештајот не може да ги реши историските прашања и проблемот со идентитетот, посочувајќи дека всушност Договорот од 2017 година, Преспанскиот договор и „францускиот предлог“ се основа на добрососедските односи.

– Европскиот парламент промовира добрососедски односи. Се друго се шпекулации, додаде Ќучук.

Извор: МИА

Tags: Илхан ЌучукСобраниеуставни измени
Next Post

Развојот на вештачката интелигенција може да ги загрози работните места на речиси 80 отсто од жените во САД

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk