ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одземена надлежноста на градоначалникот на Виница за именување директор во гимназијата „Ванчо Прке“

June 23, 2023 12:02
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за образование и наука, Јетон Шакири донесе решение со кое му ја одзема надлежноста на градоначалникот на Виница, Миле Петков за разрешување и именување директор во средното општинско училиште „Ванчо Прке“.

По вонредниот инспекциски надзор, што го извршил Државниот просветен инспекторат, утврдено е дека во законскиот рок не бил направен избор на директор на училиштето, иако Училишниот одбор ја завршил постапката.

По претходна согласност од градоначалникот, Училишниот одбор во март објавил јавен оглас за директор и доставил предлог за еден кандидат, но првиот човек на Општината испратил известување дека нема да изврши избор. Училишниот одбор повторно го доставил предлогот, но градоначалникот не го прифатил.

– Градоначалникот на Општина Виница, со одлука од мај годинава одлучил да не избере директор во СОУ „Ванчо Прке“ поради истекување на роковите за избор, иако Училишниот одбор во законскиот рок од 45 дена ја спровел постапката и доставил предлог за директор. Одлуката на градоначалникот е спротивна на Законот за средно образование, а решението е со важност од една година и во тој период работите поврзани со одземената надлежност ќе ги врши Министерството за образование и наука, се истакнува во решението што го потпишал министерот Шакири.

Кандидатот за директор, предложен од Училишниот одбор на СОУ „Ванчо Прке“, претходно поднел жалба до Второстепената комисија за одлучување во управна постапка и таа била прифатена. Исто така, Комисијата ја поништила одлуката на градоначалникот, а предметот го вратила на повторна постапка. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Виницагимназија „Ванчо Прке“Шаќири
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ќе се распишат предвремени избори на северот на Косово; повторно експлозии во северна Митровица; нови детали за ситуацијата во кампот МЕК во Драч

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk