„ДПМНЕ и Мицкоски се најдоа повикани да ги толкуваат одлуките на САД. Мицкоски е претседател на партијата ДПМНЕ со криминално стекнат имот врз грбот на граѓаните, со конфискувана Бела палата и со почесен претседател на црната листа на САД“, соопштија од СДСМ.
„Има бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ДПМНЕ со нивни јавни признанија, меѓу кои и за злосторничко здружение.
ДПМНЕ треба да се запраша што потврдува ова и зошто досега воопшто се немаат оградено од криминалот на режимот?“, прашаа од Бихаќка.