„Партиите не се ниту Суд ниту Обвинителство и доколку ДПМНЕ има некакви докази за незаконски активности за било кого треба да ги достави до надлежните институции. СДСМ нема намера да го симне нивото на политичка култура на она од ДПМНЕ. Лицемерно е што обвинувања доаѓаат од страна на политичката партија ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ.
„Затоа што ДПМНЕ е политичка партија чиешто седиште е сместено во криминално стекната, конфискувана зграда којашто е и дивоградба и чиј почесен претседател е на црната листа на САД.
Нека се запрашаат тие до каде е нивниот случај и во која фиока седи случајот за нивната зграда.
Има бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ДПМНЕ со нивни јавни признанија, меѓу кои и за злосторничко здружение.
Дали има и други случаи коишто седат во фиока како на пример Делчевски ниви?
Ете, Ковачки и ДПМНЕ нека ги прашаат надлежните институции до каде е случајот Делчевски ниви и во која фиока седи?“, велат од СДСМ.