Амбасадорката на Украина во Македонија Лариса Дир објави на Твитер дека секој ден Русија извршува ракетни напади врз Украина, убива Украинци, ја гори и поплавува земјата.
Таа во својата објава истакна дека „иднината на Руската Федерација значително ќе се подобри по повлекувањето на трупите од Украина и капитулацијата на Русија“.
486. Секој ден рф извршува ракетни напади врз 🇺🇦, убива Украинци, ја гори и поплавува 🇺🇦. При тоа, претседателот на рф изјавува дека „рф ја води најтешката борба за својата иднина“.
Иднината на рф значително ќе се подобри по повлекувањето на трупите од 🇺🇦 и капитулацијата на🇷🇺 pic.twitter.com/6KU01EdUzY— Larysa Dir (@dir_larysa) June 24, 2023
Г. Т.