Протести „Србија против насилството“ се одржуваат низ цела Србија. Во текот на претходните денови протести се одржаа во Чачак, Лучани, Зајечар, Смедерево и Ваљево, а за денеска се најавени блокади и протести во десет градови.
Собирот во Белград започна во 18 часот, имаше обраќање пред Собранието, а потоа колона граѓани се упати кон Автокоманда. Како што е најавено, протестот ќе трае до 21 часот.
Протести денеска се одржуваат и во Суботица, Зрењанин, Нови Сад, Белград, Шабац, Крагуевац, Краљево, Ниш, Пирот и Лесковац. Планирана е истовремена акција за блокирање патишта во сите градови.
Г. Т.