ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Каранфилова Пановска: Потребен е широк партиски и општествен консензус за промена на Уставот за да се намали поларизацијата

June 25, 2023 14:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Потребен е широк партиски и општествен консензус за промена на уставот со внесување на Бугарите како малцинство покрај другите веќе споменати, со што ќе се амортизираат тензиите од спротивставените ставови, ќе се обезбеди поголема кохезија која би требало да ја намали франатичната поларизација и раслојување во општеството“ препорача Фани Каранфилова Пановска на трибината „МК во ЕУ до 2030“ во Куманово.

Таа додаде дека исто така е потребно зајакнување на структурите и создавање на нови во рамки на институциите за имплементирање на Договорот за добрососедство со Бугарија и особено на протоколот за да се гарантира незавидно ниво на разбирање на проблематиката за заштита на идентитетските и историските прашања.

„Владата мора најитно да ја пополни, доекипира и формализира преговарачката структура согласно одлуката за нејзината поставеност и да го формира преговарачкиот тим, како и да го формализира составот на работните групи по поглавјата. Учеството на граѓанското општество во работните групи по поглавја согласно моделот предложен од Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество мора да се обезбеди на транспарентен и инклузивен начин“ рече Каранфилова Пановска.

Таа препорача дека се потребно и сериозни напори и јакнење на капацитетот на институциите за максимално искористување на средствата од ИПА III и од Програмите на Унијата, што во реалност значи конзистентно и консеквентно антиципирање на реформската агенда за која ќе биде потребна финансиска, но и поддршка во know-how од ЕУ и адекватно програмирање на помошта за да биде навремена и ефикасно искористена.

 

 

Tags: Каранфилова Пановска:трибинауставни измениширок консензус
Next Post
СДСМ

СДСМ: Первезно е ДПМНЕ да држи трибина за криминал и корупција, па уште и во Белата палата

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk