ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За квалитетно јавно здравје потребно е Парада на гордоста

Важен дел на вечното перпетуирање на културата на насилство е прикриеното и расипаното покровителство кое над нив, готово отворено, го застапуваат „десните“ партии и политички организации, „интелектуалните“ кругови со „фамилијаризиран“ и „патриотски“ предзнак. Составниот дел на омразата против ЛГБТ заедницата може да го наречеме и „кичерозна романтизација на сторителите“. Методологијата е следна: производство на конфузија преку бесрамна инверзија. Жртвата треба да се клевети, понижи и направи во најмала рака соодговорна за тоа што и се случува, а сторителите треба да ги претстави како, во најлош случај, непромислени дечишта кои „можеби малку претерале“, ама се водени од искрени намери...

June 25, 2023 11:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ 

Откако човек станува политички свесен за себе и другите во општеството, сфаќа дека геј луѓето се нападнати најчесто од насилници и хулигани, бидејќи овие последните имаат проблем со нивното прифаќање. Неприфаќањето е предрасуда која најчесто во себе ја имаат луѓе кои припаѓаат на хетеро-нормативниот образец, поточно оној негов патријархален дел, десничарски. Ултрадесно е тесно. А некаде е и урнебесно. Притоа, хомофобијата влијае на сите нас. Ја убива хуманоста во човекот и може да ја најдете низ целиот свет.

Јас не се дружам со луѓе од ЛГБТ заедницата, не затоа што не сакам, туку затоа што во моето секојдневие такви луѓе не среќавам, или можеби сепак ги среќавам, само што не верувам дека таквите тоа ќе ми го откријат. Додека ги типкам овие зборови, се обидувам да растерам некој пат на нормализација за тоа дека „Парадата на гордоста“ е нешто кое мора да биде најнормално на светот, треба да претставува еден вид на славење, а не да биде борба на живот и смрт. А покровителите на културата на насилство работат така што насилниците ги романтизираат, а жртвите ги прават виновни, или најчесто соодговорни за својата судбина.

Вчера во Скопје се одржа Парада на гордоста под мотото „Гласни и горди“. Се појавиле околу 2.000 учесници од кои повеќето биле млади луѓе, барем колку што успеав да се информирам од медиумите. Од друга страна, не можам да се оттргнам од впечатокот дека сепак државата создава некоја позитивна клима во која непречено ќе може да се одржи оваа Парада. А кога велам „не можам да се оттргнам од впечатокот дека се создава и некоја позитивна клима“, мислам и на тоа – каде се сите оние луѓе кои припаѓаат на тие радикални десничарски организации кои го гледаат сето ова, скриени во некои глувчешки дупки, гризат нокти и се нервираат додека геј-луѓето слободно и цивилизирано маршираат низ Скопје. И треба да имаме на ум и тоа дека контекстот е многу поразличен од времето на Груевски. Контекстoт е подобар, „почовечен“ и похуман. Притоа, во конечноста – непречено одржување на Прајдот е дел и од поглавјето 23 и 24, поглавје кое е, ако не е најважно, тогаш е клучно за наша интеграција во Европската унија. Исто така верувам дека Европа го гледа и цени степенот на човекови права во денешниот политички контекст во земјата.

Сега некој локален дркаџија може да гракне: „Аха, а што пак ти ги поддржуваш дури и педерите, или може нешто сакаш да ни кажеш за себе?“ Се разбира дека сакам да кажам нешто и за себе. И се разбира дека овој текст и мојот однос кон ЛГБТ заедницата итоа како нешто кажува и за мене, само што овде не сум важен јас, туку е важен степенот на прифаќање на оние кои не се како нас. Исто така и односот на државата кон ЛГБТ заедницата кажува многу за контекстот и атмосферата од типологијата на државното уредување.

Сега некој друг ќе гракне: „Тие се агресивни, а ние само им возвраќаме“!? А како тоа „тие“ се агресивни? Така што постојат, и не сакаат да се извинат поради тоа што постојат, туку бараат нивното постоење да биде уважено како јавен факт што има свои правни и останати општествени консеквенци. Поточно, ЛГБТ заедницата го бара она кое го има и секоја друга поврзана категорија на граѓани во општеството.

Важен дел на вечното перпетуирање на културата на насилство е прикриеното и расипаното покровителство кое над нив, готово отворено, го застапуваат „десните“ партии и политички организации, „интелектуалните“ кругови со „фамилијаризиран“ и „патриотски“ предзнак. Составниот дел на омразата против ЛГБТ заедницата може да го наречеме и „кичерозна романтизација на сторителите“. Методологијата е следна: производство на конфузија преку бесрамна инверзија. Жртвата треба да се клевети, понижи и направи во најмала рака соодговорна за тоа што и се случува, а сторителите треба да ги претстави како, во најлош случај, непромислени дечишта кои „можеби малку претерале“, ама се водени од искрени намери…

Важно е што Парадата на гордоста се одржа во центарот на Скопје. И важно е тоа што на хулиганите им останува својата широка маргина на омраза на социјалните мрежи и останати полујавни или полутајни медиуми, чатови и форуми. Најважно е што засега ги нема на оној јавен, физички простор, меѓу конкретни луѓе. Затоа што таквото „хулиганизирање” кон различните носи штета на целото општество.

Јас им се воодушевувам на организаторите на вчерашната Парада на гордоста, на Ирена, на Уранија, на Славчо, на Кочо… Им се воодушевувам за присуството на министерката Тренчевска, на министерот за евроинтеграција, Маричиќ, на министерката за култура, на амбасадорката на САД, и на сите оние весели и слободни граѓани кои вчера чекореа низ улиците на Скопје.

За оздравување на општеството потребно му е „Парада на гордоста“: секоја година, слободно и цивилизирано марширање исполнето со уште повеќе права и уште повеќе љубов во општеството.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline
Tags: ЛГБТНЕНАД ЈОВАНОВИЌПарада на гордоста
Next Post
Фото: Министерство за култура

Мехта: Музиката никогаш не запира, туку ја засилува и инспирира публиката

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk