ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Во уставните измени нема ништо спорно, да се собере политичка храборст за нивно донесување

June 26, 2023 21:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва, во врска со уставните измени, рече дека за да се водат какви било разговори, мора двете страни, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, да имаат јасно дефинирани ставови. Ставот на СДСМ, потенцира Петровска, е јасен и непроменет уште од почетокот, што не може да се каже и за ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, во уставните измени нема ништо спорно и треба да се собере политичка храборст за нивно спроведување.

Како што порача во дневникот на ТВ Сител, вакви државнички прашања не смеат да се користат како дел од предизборието, кога тоа и да се случи, ниту смеат да бидат дел од изборна кампања.

Ставот на СДСМ е јасен и непреоменет од првиот ден. Ние сме подготвени за уставните измени кои ќе значат продолжување на патот кон ЕУ, но за жал тоа не можеме да го кажеме и за ВМРО-ДПМНЕ. Тие треба прво да кажат дали понудите се нивниот конечен одговор зашто почнаа со тоа дека не прифаќаат уставни измени, за потоа да кажат дека прифаќаат. Како граѓанин, прашањето и дилемата ми е, што е спорно во уставните измени кога Буграија сама бара Бугарите да се пишат како малцинство во Уставот на Северна Македонија со што се побива фамата дека сме еден народ во две држави. Ако за ВМРО-ДПМНЕ ова е неприфатливо, Бугарите да бидат дел од Уставот, тогаш се плашам дали се согласуваат со таа реченица дека сме еден народ во две држави, рече Петровска.

Минатото не потсетува, дополни, дека ВМРО-ДПМНЕ има храброст, но кога е опозиција или пред избори, а кога ќе дојде на власт, таа храброст одеднаш ја снемува.

Така беше со промената на знамето, ќе го враќаа старото, така беше со неприфаќањето на ДУИ кога тие ќе бидат власт, но ја прифатија и беа власт, така беше и со Преспанскиот договор кој го прифаќаат нивните градоначалници. Не верувам дека понатаму ќе покажат каква било храброст за драстична промена на позициите, а и во последната изјава Борел кажа дека за Република Македонија нема веќе дополнителни услови, подвлече министерката.

На прашањето за ситуацијата на северот на Косово, таа оцени дека состојбата е навистина загрижувачка, но не зашто има директни безбедносни закани за нашата земја, туку зашто, како што објасни, не е добро, ниту е политички исправно во овој момент да има конфликт каде било, особено не во регионот.

Ние сме таму присутни со два вода на Армијата, во рамки на контингентот на КФОР, НАТО силите, но тука е повеќе прашање за упатување политички пораки и во Косово и во Србија, дека на Балканот не му треба нов конфликт. Кога одиме на избори ветуваме дека ќе има мир и безбедност, дека е тоа наш приоритет и тоа ветување треба да го исполниме, рече Петровска.

Министерката уверува дека нашите борбени сили се во полна готовност и борбената способност на нашата Армија никогаш не била намалена.

Голем дел од опремата која нам не ни беше потребна, а Украинците ја бараа, за многу кратко време, или оваа или наредната година, ќе требаше да платиме за да ја отуѓиме зашто не требаше ни да ја поседуваме. Значи, освен што излеговме во престерт на барањата на Украина, направивме и нешто што не е на штета на Армијата на Северна Македонија. Станува збор за донирање или давање опрема и вооружување кое согласно нашиот план за модерниација, било на нашиот список за отпишување, односно станува збор за опрема која согласно НАТО стандардите, потребите и развојните капцитети на Армијата, нема да се користи за наши потреби, подвлече Петровска, напоменувајќи дека се направени плановите за модернизација и се имплементираат, а Буџетот на МО и Армијата од 2018 година драстично расте и следнта година ќе ги достинете двата процента.

Над 30 отсто од Буџетот се инвестира во купување опрема и вооружување, заклучи министерката.

Таа се осврна и на лажните дојави за бомби во училиштата минатата година, укажувајќи дека пред јавноста треба да се соопшти кој стоеше зад сетоа тоа.

Верувам во истрагите на МВР кои се спроведуваат во координација со Обвинителството. Детектирани беа неколку лица. Пред јавноста треба да биде конечно даден одговорот кој стои зад тоа, да не останеме само на сомнежи, рече Петровска.

Во врска, пак, со затворот „Идризово“ за чија безбедност, покрај полицајци, се ангажираат и припадници на Армијата, Петровска објасни дека се работи согласно препораките на Групата за проценка и прогласената кризна состојба поради недостигот на кадар кој, пак, бил намален со повеќето пензионирања и неможноста навреме да се пополнат испразнетите места.

Се донесе одлука за прогласување 30-дневна кризна состојба во која покрај припадници на полицијата, ќе има и 20-на припадници на Армијата. Почнат е процесот на вработување нови кадри, но и префрлување кадри, очекуваме пред истекот на одлуката или евентуално потоа, Групата за проценка да каже дали се исполнети условите за продолжување на кризната состојба или не, рече министерката Петровска.

Tags: ВМРО-ДПМНЕСДСМСителСлавјанка Петровскауставни измени
Next Post

 Делови од Македонската црква се „тастери“ на руските служби

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk