ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Радев влезе во конфликт со ЕУ, исплашен од влијанието на Северна Македонија

June 26, 2023 15:51
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот претседател Румен Радев влезе во конфликт со европските институции поради политиката кон Северна Македонија. Денеска, на 26 јуни,  тој испрати остра порака до европските лидери, откако шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, само неколку часа претходно објави дека од европска перспектива нема пречка за пристапување на Северна Македонија, пишува денеска влијателниот независен бугарски портал Медијапул, пренесува Рацин.мк.

Порталот пишува дека Радев реагирал со обвинување дека Скопје лобира за својот евроинтеграциски процес и нагласил дека „никогаш досега не било дозволено земја-кандидат за членство да има такво влијание врз работата на европските институции“.

Претседателот Радев и досегашните преодни бугарски влади назначени од него, пишува во својата анализа Медијапул.бг, го заострија тонот кон македонските власти, но ништо не излезе од тоа и билатералните односи достигнаа ново ниско ниво.

Новата влада на Николај Денков најави дека сака да ја смири ситуацијата и повика на сличен став од Скопје за да ги унапреди своите евроинтеграции, но Радев продолжува да ја користи секоја прилика „да мавне со прст“ и да предизвика слична реакција од другата страна на границата.

ЕУ: Билатералните прашања нема да го дефинираат процесот

Реакцијата на Радев доаѓа по изјавата на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Жозеп Борел за Бугарското национално радио дека „билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредат процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ“.

„Северна Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиниот пристап во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди. За ова дефинитивно е неопходна добра соработка и регионалната соработка останува суштински елемент, како и стабилизација, за да може да се спроведе процесот на пристапување“, посочи Борел на прашањето кои ќе бидат следните чекори на ЕУ доколку Северна Македонија не го признае постоењето на етничко бугарско малцинство во нејзиниот устав до ноември.

Медијапул.бг потсетува дека Бугарија даде зелено светло за преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ, но под услов да ја вклучи бугарската етничка група во македонскиот устав.

Во моментов најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени и без нејзина поддршка не можат да поминат во парламентот, пишува Медијапул.бг.

Радев: Никогаш досега кандидат за членство немал толкаво влијание

По коментарот на Борел, бугарскиот претседател објави дека испратил писмо до европските лидери и институции, со став со кој повикува пристапот на Република Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ) да се заснова на исполнување на критериумите за членство, а не на лобистичката политика.

„Наместо да работи на исполнување на условите, Скопје повторно се обложува на активно лобирање за прикривање на недостатокот на политичка волја за исполнување на критериумите за членство. Се интензивираат нападите и јазикот на омраза кон Бугарија, се воведуваат „црни списоци“ за забрана за влез на бугарски државјани, се газат правата на бугарската заедница – случаи на физичко насилство, административно и судско малтретирање на луѓе со бугарска самосвест зачестуваат, палење и пукотници врз нивните културни клубови, постојани закани за нивните работни места само затоа што се Бугари“, посочува Радев во писмото до европските лидери и институции, според Медијапул.бг.

Радев се осврнува и на резолуцијата на германскиот Бундестаг којашто ја посочува како пример за наметнување на наратив на политичките кругови и медиумите во Северна Македонија за односите со Бугарија, во кој доминира тезата дека Бугарија не го прифаќа современиот идентитет на Северна Македонија.

„Сепак, факт е дека Бугарија никогаш не го оспори правото на граѓаните на Северна Македонија да го дефинираат својот модерен идентитет и да го нарекуваат својот службен јазик како што сакаат. Бугарија реагира само на обидите да се изгради идентитетот на државата на антибугарска основа и со присвојување на бугарската историја, слично на опседнатоста на Скопје со античкиот период до потпишувањето на договорот со Грција во 2018 година“, посочува Радев во неговото пизмо до ЕУ.

Медијапул.бг се осврнува на Резолуцијата на Бундестагот кој ја повикува Северна Македонија да го промени својот устав и во него да ја вклучи бугарската етничка група, а Софија да не поставува повеќе услови за членство на Скопје во Европската унија.

„Индикативен е и случајот со подготвениот извештај на Европскиот парламент за извештајот на ЕК за Северна Македонија за 2022 година. Министерот за надворешни работи на Северна Македонија јавно изјави дека имал контакти со европратеници од Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент и дека влијаел на текстот на нацрт-извештајот. Никогаш досега не ѝ било дозволено на земја кандидат за членство да има такво влијание врз работата на европските институции“, вели Радев.

„Друг пример за лобирачката политика на Скопје е најавата на министерот за надворешни работи на земјава дека и другите земји членки имаат намера да излезат со декларации слични на резолуцијата на германскиот Бундестаг“, дополнува шефот на државата Румен Радев.

Во своето писмо до институциите и лидерите на ЕУ, шефот на бугарската држава изразува уверување дека Бугарија и другите земји-членки на ЕУ можат со заеднички напори да ги поддржат интегративните процеси на Република Северна Македонија, „кои треба да се фокусираат на постигнување на критериумите за членство, со посебен акцент. за човековите права и принципите на добрососедство“, објави денеска независниот бугарски портал Медијапул.бг.

Поврзано:

Борел: Нема пречка за пристапување на Северна Македонија во ЕУ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бугаријаЕУРуме Радев

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk