Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во државата.
– Дозволете ми на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија да упатам најсрдечни честитки по повод празникот Курбан бајрам. Ви посакувам празничните денови да ги поминете во слога, хармонија и благосостојба помагајќи им на сите на кои им е потребна помош, поткрепа и разбирање. Курбан Бајрам, празникот кој се темели на солидарноста и дарежливоста, нека биде поттик на сите граѓани за заедничко надминување на предизвици во нашето мултиетничко општество. Во духот на празникот Курбан бајрам, да продолжиме да ја градиме нашата држава на темелите на разбирањето, соживотот и грижата за другиот, порача претседателот.