Случајот „Феникс“ којшто го отвори надлежна институција, Обвинителство, покажа дека само за 11 споменици ДПМНЕ злоупотребиле 57 милиони евра, пари на граѓаните, соопштија утрово од СДСМ.
„Осомничените незаконски обезбедиле 57,6 милиони евра за 11 споменици и проневериле околу 17 милиони евра, со класична манипулацијата со вредноста на спомениците.
Само преку еден случај 57 милиони евра?
Додека луѓето осиромашуваа ДПМНЕ на грбот на народот кределе пари.
Прашањето е колку градинки, колку училишта, болници можеле да се направат, за доброто на народот.
Но, од ДПМНЕ решиле наместо во градинки, училишта, болници, парите на народот во нечии џебови да завршат.
Затоа во времето на ДПМНЕ немаше нови градинки, немаше нови школи, затоа што се крадеше“, истакнаа утрово од Бихаќка.